Маричиќ од Кишињев: ДИК со Меморандум ја зајакнува соработката со регионот за избори според европски стандарди

June 18, 2026
2 mins read

Делегација на Државната изборна комисија (ДИК), составена од претседателот Бојан Маричиќ и членовите Дитмире Шеху и Светлана Карапетрова, зеде активно учество на седмата Регионална конференција „Парите во политиката 2026“, која се одржа во Кишињев, Република Молдавија, на која Маричиќ, во име на институцијата го потпиша Меморандумот за разбирање меѓу изборните власти на Република Северна Македонија, Република Албанија, Република Молдавија и Украина.

Со потпишување на меморандумот државите потписнички, кандидатки за членство во ЕУ, воспоставуваат рамка за интензивна соработка во областа на заштитата на изборниот интегритет и демократската отпорност. Потпишувањето се случи непосредно по завршното обраќање на претседателот Маричиќ, на завршната сесија заедно со Ангелика Караман, претседателка на Централната изборна комисија на Република Молдавија. Илирјан Целибаши, државен изборен комесар на Албанија и членот на Централната изборна комисија на Украина, Андриј Јевстихниеиев, со што институциите-потписнички ја формализираа својата заедничка заложба за промовирање на слободни и фер избори, усогласување на националните законодавства со вредностите на Европската Унија, борба против изборната корупција, транспарентност на финансирањето и справување со хибридните закани.

Претседателот Маричиќ се обрати и како главен говорник на првата пленарна сесија посветена на „Европскиот штит за демократија“, на која ја истакна неопходноста од системска интеграција на изборните тела во европските механизми за заштита, нагласувајќи дека регионалната соработка и размената на искуства се клучни за ефикасно справување со модерните предизвици, како што се нелегалните финансиски текови, злоупотребата на криптовалутите во изборните кампањи и влијанието на дигиталните манипулации.

„На нашиот пат кон ЕУ, насоките од „Европскиот демократски штит“ мора да ги преточиме во национални решенија. Изборниот интегритет во дигиталната ера не трпи изолираност и поединечни одговори“, рече Маричиќ, додавајќи дека изборните власти мора да имаат блиска соработка со цел навремено да ги препознаат и спречат современите облици на дигиталното влијание, кои се повеќе го обликуваат изборниот простор.

На маргините на конференцијата, делегацијата на ДИК оствари средба со раководството на Централната изборна комисија на Република Молдавија и Агенцијата за спречување на корупција на Црна Гора. На средбата се разговараше за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и за конкретни чекори за практична примена на одредбите од потпишаниот Меморандум. Делегациите разговараа за важноста од интензивна размена на добри практики во областа на транспарентноста на политичкото и изборното финансирање, како и за механизмите за борба против изборната корупција. Соговорниците се согласија дека овој тип на директна соработка е неопходен за развојот на професионалните капацитети на изборната администрација и за успешно усогласување на националните системи со стандардите и вредностите на Европската Унија.

Овогодинешната регионална конференција „Парите во политиката“, насловена: „Од виртуелни пари до реално влијание: Нови граници на демократската отпорност“, организирана од Централната изборна комисија на Молдавија во партнерство со International IDEA, Советот на Европа и UNDP, собра над 100 претставници на изборни органи, антикорупциски тела, меѓународни и граѓански организации од над 20 држави, и претставуваше клучна платформа за креирање стратешки одговори на современите закани за демократијата. На 6 тематски панели свои излагања имаа над 30 меѓународни говорници, вклучително и претставници на Европската комисија, Венецијанската комисија, како и водечки експерти од International IDEA, Советот на Европа и UNDP, на кои учесниците разменија добри практики за надзор на изборните кампањи во дигиталната ера, при што потпишувањето на Меморандумот ја означи трајната посветеност на изборните власти кон јакнење на институциите и европските стандарди.

Линк видео инсерти: https://we.tl/t-G3rggtA4eX0nWxav

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Коридорот 10 ќе стане најзначајна економска артерија во Европа

Следно

Хегсет во Брисел ги нападна НАТО сојузниците: Постапивте срамно (ВИДЕО)

Latest from Blog

БЕЗБЕДНОСЕН АЛАРМ ВО СЕУТА – Меѓу новодојдените мигранти идентификувани лица поврзани со џихадизам

Шпанските безбедносни служби идентификувале неколку лица меѓу мигрантите кои минатата недела масовно влегоа во енклавата Сеута, а кои претходно биле предмет на истраги за кривични дела поврзани со џихадизам, објавија шпанските медиуми

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог објави Скопје1.мк

Министерството за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата подготвува прифаќање на францускиот предлог, оценувајќи дека станува збор за обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Во реакцијата се

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите
Go toTop