Николоски: Коридорот 10 ќе стане најзначајна економска артерија во Европа

June 18, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, на министерскиот самит за транспорт во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница говореше за плановите и развојот на патната и железничката инфраструктура на Коридорот 10 и Коридорот 8.

Николоски истакна дека самитот испраќа јасна порака за заедничка посветеност на земјите низ кои минува Коридорот 10, нагласувајќи дека неговата изградба ќе придонесе тој да стане економски најзначајниот транспортен коридор во Европа.

Според него, со реализацијата на планираните инфраструктурни проекти значително ќе се намали времето на патување и транспорт на стоки во регионот.

„Скопје – Солун ќе се патува за 1 час и 25 минути, Скопје – Белград за два и пол часа, додека товарен воз од Атина ќе стигнува до Виена за помалку од 24 часа. Од Солун до Будимпешта товарниот железнички сообраќај ќе се одвива за околу 12 до 14 часа“, посочи Николоски.

Тој оцени дека модернизацијата на транспортната инфраструктура долж Коридорот 10 ќе донесе побрз проток на луѓе и стоки, поголема економска поврзаност и нови можности за развој на земјите од регионот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семинарот на АГСМ во Тирана се фокусира на состојбата на Македонската заедница во Албанија (ФОТО)

Следно

Маричиќ од Кишињев: ДИК со Меморандум ја зајакнува соработката со регионот за избори според европски стандарди

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop