Англија со четири гола ја совлада Хрватска во еден од најдобрите мечеви на Мундијалот (ВИДЕО)

June 18, 2026
1 min read
фото: England (X)

Во можеби најдобриот натпревар на Мундијалот досега, Англија ја победи Хрватска со 4-2 на отворањето на групата Л на Светското првенство. Извонреден натпревар меѓу големите ривали во Далас, кој на крајот заврши со победа на Англичаните, кои на тој начин направија голем чекор напред кон втората фаза од натпреварувањето.

Хари Кејн ја доведе Англија во водство со гол во 12-тата минута. Лука Модриќ го фаулираше Нони Мадуеке во шеснаесетникот, а судијата Клемент Турпин покажа кон белата точка. Топката ја намести Хари Кејн, а неговиот удар го одбрани Доминик Ливаковиќ, по што следеше вистинска драма. Судијата Клемент Турпин, по асистенција од ВАР собата, пресуди дека Ливаковиќ ја напуштил гол-линијата со двете нозе пред англискиот напаѓач да го изведе ударот, па затоа пеналот беше повторен. Кејн ја искористи шансата и му донесе водство на Гордиот Албион.

Хрватите израмнија во 36-тата минута од натпреварот со спектакуларен гол на Мартин Батурина. Англија поведе повторно во 42-та минута од натпреварот, кога Деклан Рајс изведе корнер, а Хари Кејн со глава ја смести топката во мрежата на „коцкестите“.

Во финишот на првиот дел, со голот на Муса, Хрватска и вторпат се врати, овој пат за 2:2.

Англичаните го отворија второто полувреме брилијантно и повторно поведоа во 47-та минута преку Џуд Белингам. Истиот играч повторно се закани две минути подоцна, по него и О’Рајли, но резултатот остана непроменет.

И конечно, во 85-тата минута од натпреварот, Маркус Рашфорд брилијантно ги исфрли хрватските дефанзивци од игра, а потоа со мајсторски удар го „нокаутира“ Ливаковиќ за конечни 4:2.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски од Струмица на 36-тиот роденден на ВМРО: Идејата за Македонија денес е посилна од било кога

Следно

Времето денеска променливо облачно и топло

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од
Go toTop