ЈП Водовод и канализација известува дека во сабота поголем број објекти и улици ќе бидат без вода.
Од таму информираат дека поради дефект на затварачи на водоводна линија на булевар Крсте Мисирков и Кеј Димитар Влахов, ќе бидат превземени одредени технички зафати кои ќе се одвиваат во текот на денот..
Прекин на водоснабдувањето ќе има од 09:00 до 22:00 часот, на следните улици и објекти:
Објектот на МАНУ
Основен Суд 2
Младински Културен Центар
Универзитетска Библиотека
Универзитет Св. “Кирил и Методиj”
Трговски Центар Мавровка
Дел од Турска Чаршија
Саат Кула
Улица Петар Ѓеоргиев
Улица Отокар Кершовани
Улица Адвокатска
Булевар Крсте Мисирков (Дел)
Крњево
Македонска Телевизија
Ист Гејт
Автокоманда ниска зона до Камник намален притисок или можност за прекин на вода.
Извор: zurnal.mk


