Тоневски: Нашите ученици покажуваат дека можат да бидат најдобри во државата

June 2, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со Јована Јаневска, ученичка во VIII одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“, која го освои првото место на Државниот натпревар по географија.

Јаневска до овој значаен успех стигна под менторство на наставничката Ана Нацева, потврдувајќи дека со знаење, труд и посветеност младите од Пробиштип можат да постигнуваат врвни резултати на државно ниво.

„Овој голем успех е гордост не само за Јована и нејзиното училиште, туку и за целата општина Пробиштип. Освоеното прво место е доказ дека нашите млади имаат потенцијал да бидат најдобри кога вложуваат труд, знаење и упорност“, истакна Тоневски.

Тој упати честитки до Јована за освоеното прво место и за достојното претставување на Пробиштип, а благодарност изрази и до нејзината менторка Ана Нацева, како и до целокупниот наставен кадар на училиштето за поддршката и посветеноста во развојот на младите таленти.

Од Општина Пробиштип посочуваат дека ќе продолжат да ги поддржуваат учениците кои постигнуваат врвни резултати и ја промовираат општината преку своите успеси.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Akuo EduLab ги обедини наставниците, студентите и институциите во Штип во дискусија за иднината на образованието за одржливост

Следно

Берзански извештај: Промет од 27,7 милиони денари, индексот МБИ10 во црвено

Latest from Blog

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја
Go toTop