Медведев: Секој обид за апсење на Путин би значел објава на војна против Русија

March 23, 2023
1 min read

„Да замислиме дека шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што би било тоа? Објавување војна против Русија. Во тој случај, сите наши средства – проектили и слично ќе одлетаа до Бундестагот, до канцеларијата на канцеларот“, вели сојузникот на Путин, Дмитриј Медведев

Поранешниот руски претседател и сојузник на актуелниот претседател Владимир Путин, Дмитриј Медведев, смета дека секој обид за апсење на рускиот претседател ќе значи објава на војна против Русија.

Изјавата на Медведев следува откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг минатата недела издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство и за незаконско депортирање на стотици деца од Украина.

Медведев за руските медиуми изјави дека Судот во Хаг, кого Русија, Кина и САД, не го признаваат, е „правен субјект“ кој никогаш не направил ништо значајно.

„Очигледно ова никогаш нема да се реализира, но сепак да замислиме – шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што би било тоа? Објавување војна против Русија“,

изјави поранешниот руски претседател и сојузник на Путин, Дмитриј Медведев.

„И во тој случај, сите наши средства – проектили и слично ќе одлетаа до Бундестагот, до канцеларијата на канцеларот“,

додава тој.

Односите со Западот, рече Медведев, веројатно се во најлоша состојба досега.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 17 март објави дека издал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Судот наведе дека Путин е осомничен за воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.

Официјална Москва изјави дека одлуките од Хаг немаат влијание врз Русија и дека секој нивен налог за апсење е ништовен зашто земјата не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон него.

Руските власти негираат какви било воени злосторства во Украина и велат дека Западот ги игнорирал, како што вели, украинските воени злосторства.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лајка организира маскенбал за миленици, ќе има и награди

Следно

Честитка од Џафери по повод првиот ден на светиот месец Рамазан

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop