Божиновска: Стабилноста на енергетскиот систем е клучен приоритет

May 21, 2026
1 min read

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа  ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор.

На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот.

Претставниците на ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС, како и претставниците на МЕМО, ги презентираа актуелните проекти и активности, како и плановите за претстојниот период.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на состанокот нагласи дека клучен приоритет на Министерството е одржување на стабилноста на енергетскиот систем, навремена реализација на проектните активности, како и обврските во однос на Реформската агенда.  Како потврда на досегашната одлична работа на Владата на ова поле стигна и од самата ЕК. Имено согласно на комисијата, Македонија е најнапредна во однос на Реформската агенда поради што Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, односно преку Инструментот за реформи и раст.

Од ЕСМ информираа дека имаат активни проекти кои се потврдени во листата за тековни јавни инвестиции. Воедно, беа презентирани и проекти кои се во фаза на иницирање и дополнително треба да бидат вклучени на листата. На состанокот беше претставен и детален финансиски преглед за периодот Q1 2020–2026 година, кој ги опфаќа приходите, расходите и добивките/загубите, при што беше потенциран позитивниот финансиски резултат во првиот квартал.

МЕПСО информираше за остварениот позитивен финансиски резултат во првиот квартал од 2026 година, при што е евидентирана добивка во првиот квартал. На состанокот беа презентирани приходите и расходите за првиот квартал, како и информацијата дека од јануари 2026 година аукциите за прекугранични капацитети со Србија и Бугарија ги спроведува JAO. Дополнително, беше разгледан напредокот на тековните инфраструктурни проекти, меѓу кои Битола–Елбасан, ТС Охрид, East-West Corridor и останатите проекти кои се дел од проектната листа на компанијата.

Од страна на НОМАГАС беше истакнато дека досега се започнати и се во различна фаза на напредок повеќе значајни делници од националната гасоводна мрежа, меѓу кои Клечовце–Неготино, Неготино–Битола и Скопје–Тетово–Гостивар, додека во тек се активности за понатамошно проширување кон Кичево и други региони. Компанијата активно работи и на реализација на стратешкиот гасен интерконектор со Грција, кој ќе овозможи директно поврзување со европската гасна мрежа и пристап до нови извори на природен гас и LNG терминали.

МЕМО информираше дека се очекува со потпишувањето на Одлуката на Министерскиот совет за меѓусебно признавање на Гаранциите за потекло да се овозможи поврзување со ЕУ зоната. Воедно, беа разгледани активностите поврзани со процесот на пазарно спојување, тековните приоритети на операторот и нивното целосно правно членство во AIB.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и понатаму ќе продолжи со заложбите за обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем.

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Не смее да има селективна правда за случајот со мазутот

Следно

Мерц бара реформа на евроинтеграциите: ЗАПАДЕН БАЛКАН ДА ДОБИЕ ПРИВИЛЕГИРАН СТАТУС И ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА

Latest from Blog

Мајсторија на Баена: Атлетико Мадрид победнички на стартот во новата сезона во Ла Лига!

ФОТО:.facebook.com/AtleticodeMadrid/ Атлетико Мадрид – Малага 2:0 е исходот од вечерашниот меч во рамките на 1.коло во Ла Лига.Ова значи дека четата на Диего Симеоне имаше победнички старт во новата сезона 2026/27 и

Трансродна жена е осудена на шест години затвор, поради обид за убиство врз министерот за финансии на САД

Инглиш, трансродова жена од Масачусетс, беше уапсена во јануари 2025 година откако отишла во американскиот Капитол, каде што им кажала на полицајците дека имала намера да го убие Бесант на денот на

Сиљановска-Давкова со чешкиот министер Мацинка: Местото на Македонија е во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата, како што информира Сиљановска-Давкова, било

Николоски: Македонија се гради со проекти, паметни политики и инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ денес е најсилно од своето постоење и обединето како никогаш претходно, порача потпретседателот на партијата Александар Николоски по повод одбележувањето на 36 години од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во

Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на
Go toTop