Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

May 20, 2026
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски процеси во државата.

На средбата се разговарало за напредокот во исполнувањето на обврските поврзани со отворањето на преговорите со Европската Унија, како и за активностите во рамки на Реформската агенда и поширокиот европски интегративен процес.

Муцунски ја истакнал континуираната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и поддршката за Украина, оценувајќи ги како јасен показател за стратешката определба за полноправно членство во ЕУ.

 

На состанокот биле разменети мислења и за потребата од забрзување на евроинтегративниот процес, засилување на регионалната соработка, постепена интеграција и континуирана поддршка од земјите членки на Европската Унија.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Следно

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Latest from Blog

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за
Go toTop