Димитриеска-Кочоска: Европски банки покажаа силна доверба во Македонија

May 19, 2026
2 mins read

19 мај 2026 година, Скопје– Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија, кажа во интервју за Алфа телевизија министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска.

Како што потенцираше министерката за Законот за задолжување кај странски банки кој што влезе во собраниска процедура, Министерството за финансии испрати барање до 14 банки од кои понуда пристигна од осум. А каматните услови кои се добиени за кредитот се многу подобри споредено со земјите од регинот што значи дека Министерството за финансии обезбедило конкурентно финансирање.

“Согласно буџетот којшто беше донесен за 2026 година, јасно беше наведено дека имаме план за задолжување од 1 милијарда и 300 милиони евра на странски пазар, од кои 1 милијарда евра издавање на еврообврзница, што и го направивме на почетокот на годината, а останатите до 300 милиони евра дополнително исто така на надворешен пазар. Во тој процес добивме понуди од осум различни банки и најповолната понуда е со каматна стапка пониска од онаа која моментално ја има обврзницата што се тргува на секундарниот пазар.“ кажа Димитриеска Кочоска и потенцираше дека споредено со регионот Македонија обезбедува пониски трошоци на задолжување и подолг рок на отплата, што ја позиционира државата во поповолна финансиска позиција.

 

„Црна Гора на петгодишниот кредит има каматна стапка од еурибор плус 2,5 проценти, ние за седумгодишен кредит добивме еурибор плус 2,1 процентен поен. Романија во периодот кога ние издававме еврообврзница имаше каматна стапка која беше повисока од нашата, никаде над 5 проценти  беше нивната каматна стапка“ кажа министерката и додаде дека ваквите резултати се доказ за подобрено управување со јавните финансии и за зголемена доверба кај меѓународните кредитори.

“Морам да кажам дека банките коишто учествуваа во финансирањето, станува збор за европски банки, банки од Обединетото кралство коишто се исто така реномирани банки јасно ја покажува дека довербата на странските финансиски институции, но и на меѓународните кредитори, во Македонија е голема„ кажа министерката.

Во однос на фискалната рамка, министерката нагласи дека во Буџетот за 2025 година се предвидени средства за редовно сервисирање на јавниот долг, со што се обезбедува стабилност, предвидливост и навремено исполнување на обврските, а состојбата со јавните финансии мора да се гледа низ реални бројки, споредби и контекст на управување со обврските.

“Македонија и понатаму е под нивото од 60% јавен долг во однос на БДП, што е значително подобра позиција во споредба со дел од земјите во регионот и земји членки на Европската унија. Романија има јавен долг од околу 63% од БДП, Унгарија околу 75%, Полска околу 70%, а Словенија околу 65%“ кажа министерката и потенцираше дека ваквите податоци покажуваат дека земјата сè уште одржува умерено ниво на задолженост и внимателен пристап во управувањето со јавните финансии.

Во однос на структурата на задолжувањето, министерката појасни дека значителен дел од новите средства се користат за сервисирање на постојни обврски и доспеани долгови, што претставува редовна практика за секоја држава која мора да обезбеди финансиска стабилност и континуитет во отплатата.

“Она што е важно е дека Владата води политика позајмените средства да не се користат за непродуктивни трошоци, туку пред сè да се насочуваат кон капитални инвестиции, инфраструктура и проекти што носат економски раст и долгорочен развој“ кажа министерката.

Паралелно со овие процеси, како што кажа Димитриеска -Кочоска во Министерството за финансии во тек е и подготовката на ребаланс на Буџетот.

„Во рамки на подготовката на ребалансот на Буџетот имаме интензивни разговори со сите министерства, при што се прават анализи каде има простор за заштеди, каде се останува во рамките на лимитите и каде има потреба од дополнителни средства за реализација на проекти и политики. Наша обврска е да ја задржиме фискалната стабилност и рационално да управуваме со јавните средства.“ кажа министерката

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Благ раст на Македонската берза, прометот над 21 милион денари

Следно

Мареска има усмен договор со Манчестер Сити

Latest from Blog

Меџити: Промените во Србија се можност за нов пристап кон регионалната соработка

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во своја објава оцени дека во Србија „победила промената“, опишувајќи го исходот од предвремените парламентарни избори како тежок пораз за Александар Вучиќ

Милошоски домаќин на Холовнија: Потпретседателот на полскиот Сејм во официјална посета на Македонија

Потпретседателот на полскиот Сејм во посета на Македонија: Средби со Милошоски и Мисајловски Потпретседателот на Сејмот на Полска, Шимон Холовнија, денеска доаѓа во официјална посета на македонското Собрание. Според најавената програма, Холовнија

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ
Go toTop