Средба на министерката Сања Божиновска со амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гулфојл: Повеќе инвестиции во енергетиката

May 17, 2026
1 min read

Во рамките на престојот во Атина по повод учеството на дводневниот самит „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорката на Соединети Американски Држави во Грција, Кимберли Гулфојл.

Во пријателска и конструктивна атмосфера беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на енергетската соработка, енергетската безбедност и можностите за продлабочување на партнерството во областа на инфраструктурните и стратешките енергетски проекти.

Соговорничките се осврнаа и на неодамна одржаниот стратешки дијалог во Вашингтон, каде енергетиката беше една од централните теми, при што беше потврдена заедничката заложба за зајакнување на регионалната соработка и поддршката на енергетската транзиција.

 

Министерката Божиновска ја информираше амбасадорката за текот на активностите поврзани со изградбата на гасниот интерконектор со Грција, како и за посветеноста на Владата на Република Македонија кон реализација на проекти што ќе придонесат за поголема енергетска стабилност, диверзификација на изворите на снабдување и зголемување на регионалната поврзаност.

ФОТО / МЕРМС

Заеднички беше подвлечена потребата од зголемување на обемот на американски инвестиции во енергетски и инфраструктурни проекти во Македонија и регионот, особено во делот на гасната инфраструктура и модернизацијата на енергетските капацитети.

На средбата, министерката Божиновска упати покана до амбасадорката Гулфојл во блиска иднина да ја посети Република Македонија.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возиме со срце – бидејќи СЕМЕЈСТВОТО е МОТОРОТ кој нѐ движи

Следно

ВЛЕН: ДУИ стои зад студентските протести

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос
Go toTop