Screenshot

Возиме со срце – бидејќи СЕМЕЈСТВОТО е МОТОРОТ кој нѐ движи

May 17, 2026
1 min read

СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ го одбележаа Меѓународниот ден на семејството со мото дефиле што испрати хумана порака за поддршка на децата и младите без родителска грижа.

Скопје, 16 мај 2026- По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете.

Дефилето започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии и поддржувачи, кои направија кружна рута низ централното градско подрачје на Скопје, движејќи се по булеварите „Илинден“, „Св. Климент Охридски“ и „8 Септември“.

 

Со ова дефиле, учесниците ја потсетија јавноста дека семејството не е само место каде што растеме, туку чувство на сигурност, грижа и припадност.

За децата и младите кои растат без родителска грижа, поддршката од заедницата значи многу повеќе од симболичен гест. Таа е порака дека не се сами, дека некој ги гледа, ги слуша и верува во нивната иднина.

„Семејството е првата сигурност на едно дете. Кога таа сигурност недостасува, наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која децата и младите ќе почувствуваат дека припаѓаат, дека се важни и дека имаат поддршка да растат и да се развиваат. Во изминатите 25 години, СОС Детско село помогна да се променат 6090 животи на деца, млади и семејства кои добија нова шанса за посигурна иднина,“ велат од СОС Детско село.

Мото клуб „Вепар“ со своето учество покажа дека поддршката може да дојде во различни форми- преку присуство, солидарност и заедничка испратена порака.

„За нас ова дефиле не е само возење, туку начин да покажеме дека како заедница можеме да застанеме зад децата и младите на кои им е потребна поддршка. Секое дете заслужува да почувствува дека некој е тука за него,“ порачаа од Мото клуб „Вепар“.

Мото дефилето е дел од активностите во јубилејната година на СОС Детско село, кое одбележува 25 години посветена работа и грижа за децата и младите без родителска грижа како и семејствата во социјален ризик.

СОС Детско село продолжува да ја подигнува јавната свест за важноста на семејството, грижата и поддршката од заедницата, бидејќи „Ниту едно дете не треба да расте само“.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Ветувањето го исполнивме – коцкањето повеќе нема да биде над законите

Следно

Средба на министерката Сања Божиновска со амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гулфојл: Повеќе инвестиции во енергетиката

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop