Публиката го „запали“ Градски парк: Виноскоп со уште една магична вечер

May 16, 2026
1 min read

Јубилејното 15-то издание на Виноскоп донесе една од највпечатливите фестивалски слики досега – Градски парк исполнет со публика, наздравувања, насмевки и музика што ја претвори вечерта во вистинско заедничко доживување.

Настапите на DJ Carlito, Здравев Music, Огнен Здравковски и Пауза за ракија создадоа вечер во која Виноскоп уште еднаш покажа зошто низ годините прерасна во препознатлива градска приказна.
Еден од најпосебните моменти беше ѕвезденото небо што го создаде публиката – сцена во која Градски парк засвете како голема отворена арена на музика, радост и заедништво. Токму ваквите моменти се причината поради која Виноскоп не е само фестивал, туку настан што испишува спомени и ја гради својата историја од година во година.
Со секое ново издание, Виноскоп ја потврдува својата сила како место каде што се спојуваат виното, музиката, вкусовите и публиката. Јубилејната 15-та приказна продолжува да се развива со сè поголем интензитет, носејќи ја најубавата страна на градското дружење под отворено небо.

Поради најавените врнежи, дел од дневната програма се преместува, но Виноскоп продолжува денес попладне во Градски парк.
Денешната програма започнува од 17:00 часот со DJ Bela. Во 19:30 часот следува настапот на Мијата, од 21:30 часот публиката ќе ужива со Оркестар Дива, а вечерта ќе ја заокружат Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд со настап од 23:30 часот.
Во недела, Виноскоп продолжува со дневна програма од 12:00 до 18:00 часот, ќе настапат DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk. Вечерниот дел е резервиран за DJ Carlito од 18:00, а потоа, од 20:00 до 22:00 часот, програмата продолжува со Hat and Harmony.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Програмата на Виноскоп денеска од 17 часот, поради најавените врнежи дел од изведувачите ќе настапуваат утре

Следно

Виноскоп повторно го освои Скопје: Петочната вечер донесе музика, емоции и магична атмосфера

Latest from Blog

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од
Go toTop