Screenshot

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

May 13, 2026
1 min read

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо.

Од денес па сè до 17 мај, Виноскоп ја отвора својата петдневна пролетна приказна –  со вино, музика, гастрономски содржини и атмосфера создадена за сите генерации.

Јубилејното издание носи внимателно креиран музички концепт, богата винска понуда, гастрономски содржини и атмосфера која секој ден ќе има свој посебен ритам. Виноскоп одамна не е само фестивал на виното –  тој е место на средби, наздравувања, спомени и градска енергија што го собира Скопје на едно место.

 

Фестивалската програма започнува вечерва со настапите на Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд. Во четврток, 14 мај, публиката ќе ја забавуваат DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле, додека петок, 15 мај, е резервиран за DJ Карлито, Здравев Music, Огнен и Пауза за ракија.

Саботата носи целодневна фестивалска динамика – програмата започнува од 12:00 часот со DJ Resident, продолжува со Hat and Harmony, DJ Bella и Мијата, а вечерта ќе ја заокружат Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд.

Последниот фестивалски ден, недела, 17 мај, е замислен како опуштено дневно дружење од 12:00 до 18:00 часот, со DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk.

Со своето 15-то издание, Виноскоп ја слави приказната што ја гради повеќе од една деценија – приказна за виното како култура, музиката како заеднички јазик и градот како сцена на убави средби.

Од денес до 17 мај, Градски парк ќе биде адресата на добриот вкус, добрата музика и најубавото пролетно наздравување во Скопје.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинците на вежба го шокираа НАТО: Во вистинска војна сите ќе бевте мртви (ВИДЕО)

Latest from Blog

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат

Началникот на Генералштабот во Албанија: Потврдена заложбата за унапредување на меѓуармиската соработка

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Албанија, во Тирана оствари средби на највисоко воено и државно ниво на кои
Go toTop