Screenshot

Македонскиот „Грин Машинс“ меѓу светската елита на ИФАТ во Минхен

May 10, 2026
1 min read

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, привлекоа големо внимание на престижниот светски саем ИФАТ во Минхен — еден од најзначајните меѓународни настани посветени на технологии за животна средина, комунална опрема и одржлива урбана инфраструктура.

На саемот, македонската компанија ги претстави своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена, рамо до рамо со водечки производители од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, САД и други земји.

 

 

Од „Грин Машинс“ посочуваат дека светскиот пазар сè повеќе бара разновидни и еколошки решенија, па затоа компанијата нуди возила со електричен, дизел и водороден погон, прилагодени на различните потреби на градовите и комуналните служби.

Успехот на БРАКО и „Грин Машинс“ се потврдува и преку извозните резултати. Дури 98 проценти од производството се пласира на странски пазари, во повеќе од 60 земји низ светот. Последната голема испорака беше реализирана во Саудиска Арабија, каде во главниот град Ријад беа испорачани 52 возила за одржување на урбаната хигиена.

„Грин Машинс Македонија“ веќе има воспоставено компании-ќерки во Обединетото Кралство, Холандија и САД, со што дополнително го зацврстува своето присуство на глобалниот пазар.

Учеството на ИФАТ уште еднаш потврди дека македонската индустрија може успешно да конкурира на светската сцена со иновативни, ефикасни и еколошки решенија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсенал на чекор до титула, Вест Хем на чекор до Чемпионшип

Следно

Македонска технологија во светската елита: „Грин Машинс“ БРАКО го привлече вниманието на најголемиот саем во Германија

Latest from Blog

Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови

ПАПАМОБИЛ, ДИПЛОМАТИЈА И 15.000 ЛУЃЕ ОД БЕЗБЕДНОСТА: Зад сцената на папската посета на Франција

Папамобил, претходница, протоколи за итна медицинска помош… Секое папско патување бара темелни подготовки – балансирање меѓу дипломатијата, политиката, верата и безбедноста, известува „Франс-прес“ (Agence France-Presse). Папата Лав XIV ќе престојува во Франција

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Економиите мора да се насочат кон долгорочен раст заснован на продуктивност

23 септември 2026 година, Њујорк – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“

(ВИДЕО) Трамп се фалеше, а Макрон остро возврати „ВРАЌАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедил мир во Појасот Газа, велејќи дека и покрај прогласениот мир во енклавата, не е повторно отворен никаков хуманитарен
Go toTop