Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

May 9, 2026
1 min read

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај „Диво насеље“ во Куманово.

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека Серафимоски со својата жртва се вградил во поновата македонска историја, бранејќи ги безбедноста, мирот и суверенитетот на државата.

Тој нагласи дека на 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, се потсетуваме на вредностите на мирот, слободата и единството, кои низ историјата биле одбранети со големи жртви.

На оддавањето почит присуствуваа членови на семејството на Серафимоски, негови соборци, претставници на институции, политички партии и граѓани.

Проданоски порача дека Ненад Серафимоски останува симбол на храброст, чест и безрезервна љубов кон татковината, истакнувајќи дека неговата жртва и жртвата на сите загинати припадници на безбедносните сили никогаш нема да бидат заборавени.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Следно

Teleferiku në Vodno këtë verë nuk do të funksionojë

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop