Прва пресуда за „Пулс“: Условни казни за тројца полицајци

May 5, 2026
1 min read

Во првата пресуда за полициските службеници обвинети за нивна улога во нелегалното работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани, случај што заврши со трагичен пожар во кој загинаа 63 млади лица, а над 230 беа повредени, ниту еден од тројцата обвинети нема да издржува затворска казна.

Судијката Лидија Петровска им изрече условни казни на Кире Богатинов и Горан Лазаров – по една година затвор, условно за три години, додека на поранешниот командир на полициската станица, Александар Темелков, му беше изречена условна казна од една година со рок на проверка од четири години. Обвинетите не присуствувале на изрекувањето на пресудата.

Постапките против полициски службеници продолжуваат, при што се водат одделни судења за уште девет, како и за дополнителни 13 лица.

Според обвинението, во периодот од октомври 2023 до февруари 2024 година, инспекторите не постапиле согласно службените обврски и не го следеле анекс-планот за акциска контрола. Иако констатирале нарушување на јавниот ред и мир во објектот, внеле неточни податоци за фирмата и одговорното лице на кабарето „Пулс“.

Дополнително, како командир на полициската станица, Темелков одобрил барања за прекршочна постапка и покрај тоа што не ја проверил документацијата, при што биле наведени неточни правни субјекти и лица кои не биле одговорни за клубот.

Со ваквото постапување, според судот, им било овозможено на фирмата да продолжи со работа, со што е прибавена имотна корист за правното лице и неговата подружница „Пулс“.

Тројцата се неправосилно осудени за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Менди оди на втора операција и ќе го пропушти стартот на новата сезона

Следно

Трамп, Хегсет и Рубио доаѓаат на Балканот

Latest from Blog

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав

Најмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и дете

Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското
Go toTop