Коњановски: Вино, музика и дружење – нова фестивалска традиција во Битола

May 4, 2026
1 min read

Битола од 7 до 9 мај ќе биде домаќин на првото издание на Винскиот фестивал, кој ќе се одржи на платото пред Офицерски дом, најави градоначалникот Тони Коњановски.

Фестивалот ќе понуди спој на вино, музика и урбано дружење, со цел дополнително да се збогати културната понуда на градот и да се привлечат посетители од земјата и регионот.

„Очекувам прекрасни фестивалски денови, се надевам дека и времето ќе нè послужи. Со ова Битола уште еднаш се етаблира на туристичката мапа на Македонија како град на културата, отворен за посетители кои ги очекуваме во голем број, со една новина – Винскиот фестивал“, изјави Коњановски.

 

Програмата на фестивалот е конципирана како спој на различни музички жанрови и генерации. На сцената пред Офицерски дом ќе настапат повеќе домашни изведувачи, меѓу кои резидент диџеј, B52, „Пауза за ракија“, DJ Александар Јорданов, „Lockdown“, „Оркестар DIVA“, DJ Гоце Саф, „Zdrave Music“, „Љубојна“ и „Паркети“.

Покрај овој нов фестивал, беше најавено и дека Културниот и информативен центар – Битола (КИЦ Битола) годинава за првпат ќе биде организатор на Битолското културно лето „Битфест“, кое ќе се одржи по 18-ти пат.

Досега организатор на „Битфест“ беше Општина Битола во соработка со културните институции, а годинава КИЦ Битола ќе ја преземе улогата на организатор и реализатор на овој значаен културен настан.

Со новите содржини и настани, Битола продолжува да го развива својот културен идентитет и да се позиционира како една од водечките туристички и фестивалски дестинации во земјата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Zjarr në Shkup, digjet deponia në Shuto Orizare

Следно

Од 7 до 9 мај: Прво издание на Вински фестивал Битола на платото пред Офицерски дом

Latest from Blog

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,
Go toTop