Screenshot

Димовски: Компаниите во ТИРЗ со поголеми плати, извоз и буџетски придонеси

May 3, 2026
1 min read

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, соопшти дека компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони во текот на 2025 година и почетокот на 2026 година бележат значителен раст на повеќе економски параметри.

Според податоците што ги изнесе Димовски, просечната нето плата исплатена од компаниите во ТИР зоните во 2025 година е зголемена за 6 отсто во однос на 2024 година, што, како што посочи, е показател за стабилен раст на продуктивноста и условите за работа.

Во делот на фискалните ефекти, компаниите од ТИР зоните во 2025 година уплатиле повеќе од 6,3 милијарди денари во државниот буџет, што претставува раст од 10,5 отсто во споредба со претходната година.

Димовски информираше и дека извозната активност на компаниите продолжува да расте. Вкупниот извоз за 2025 година е зголемен за 6,5 отсто во однос на 2024 година, додека во првиот квартал од 2026 година е регистриран дополнителен раст од 11 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Тој истакна дека економските движења во зоните придонесуваат и за пошироки макроекономски резултати, наведувајќи дека шест квартали по ред се бележи раст на БДП од 3,5 отсто.

Во однос на институционалната работа, Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ во 2025 година се рангирала на второ место според усогласеноста со стандардите за имплементација на системот за интегритет, согласно извештајот на ДКСК, значително подобрување во однос на претходните години.

„Она што во изминатата година и половина го работевме со фокус на реструктуирање на економијата и консолидирање на институциите, денес ги дава своите резултати“, порача Димовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европската држава размислува за ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА 70 КМ/Ч поради можен недостиг на гориво

Latest from Blog

Европската држава размислува за ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА 70 КМ/Ч поради можен недостиг на гориво

Намалувањето на брзината и ограничувањето на возењето во густо населени подрачја би можело да биде начин за намалување на потрошувачката на гориво. Шведска би можела да воведе итни мерки поради евентуален недостиг

Мај и јуни во знакот на фестивали: Вино, гастрономија и концерти на секој чекор

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава носи силна фестивалска

Почнува фестивалската сезона: мај и јуни во знакот на вино, храна и музика

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава

Проданоски: Без слободни медиуми нема силна и одговорна општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, упати благодарност и поддршка до сите локални новинари и медиуми за нивната секојдневна работа и
Go toTop