Почнува фестивалската сезона: мај и јуни во знакот на вино, храна и музика

May 3, 2026
2 mins read

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава носи силна фестивалска динамика, од винскиот фестивал во Битола, преку скопскиот гастрономски настан „Нож и виљушка на европска чинија“, до јубилејното 15-то издание на Виноскоп, еден од најпрепознатливите урбани вински фестивали кај нас.

Оваа низа од настани покажува дека фестивалите одамна не се само вечерна забава или повод за излегување. Тие сè повеќе стануваат дел од социјализација на простор во кој се спојуваат локалната гастрономија, домашното вино, музиката, туризмот, малите производители и новата публика која сака искуство, а не само програма. Од Битола до Скопје, а потоа и кон Охрид, сезоната се отвора со настани што го користат најсилниот адут на пролетта и почетокот на летото, а тоа е животот на отворено.

Прв во оваа низа доаѓа „Вински Фестивал Битола“, кој од 7 до 9 мај ќе се одржи на платото пред Офицерски дом. Според најавите, фестивалот носи три дена вино, музика и урбано дружење, со внимателно селектирана понуда на вина од домашни винарии, гастрономски специјалитети и музичка програма во која се најавени настапи на B52, „Пауза за ракија“, Камерен оркестар Битола, Гоце Саф, „Љубојна“, „Паркети“ и други изведувачи. Со тоа, Битола добива фестивал што не се потпира само на винската понуда, туку и на препознатливиот градски ритам, разновиден, културен и опуштен.

На 9 мај во Скопје, во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономски настан што ја поврзува македонската и европската кујна. Настанот е најавен како прослава на европската култура, вредности и заедништво преку храна, музика и културни содржини, со фокус на гастрономските понуди и локалните производители. Во време кога храната сè почесто се третира како дел од културниот идентитет, ваквите настани имаат потенцијал да ја донесат европската приказна поблиску до секојдневниот живот на граѓаните.

Само неколку дена подоцна, од 13 до 17 мај, Скопје ќе го живее јубилејното 15-то издание на Виноскоп во Градскиот парк, кај Школка. Препознатливиот градски фестивал годинава се враќа со амбиција повторно да биде едно од клучните пролетни случувања, обединувајќи ги љубителите на виното, музиката и урбаната култура. Виноскоп е особено значаен затоа што ја прави винската култура подостапна за поширока публика, од оние што доаѓаат по омилена етикета, до оние што сакаат да откријат нови сорти, стилови и начини на уживање во виното.

По скопската винска недела, вниманието кон крајот на јуни традиционално се сели кон Охрид, каде покрај езерото полнува летната атмосфера во комбинација совино, музика, храна и со туристичка енергија. Ова ќе биде четврта година по ред со фестивалот да се најави и богатото културно-забавно лето во Охрид. Доколку и годинава се задржи истиот концепт, може да се очекува фестивал што винската приказна ја поставува во еден од најсилните туристички амбиенти во земјата.

Заедничко за сите овие настани е што ја покажуваат промената во начинот на кој публиката денес ги доживува фестивалите. Посетителите веќе не бараат само концерт или штанд со храна и пијалак. Сè повеќе се бара целосно искуство и содржина што може да се сподели, раскаже и запомни. Токму затоа фестивалите стануваат важен дел и од локалната економија, но и од имиџот на градовите.

„Оваа сезона покажува дека публиката сака настани што имаат душа, но и јасна содржина. Фестивалите повеќе не се само место за излегување, туку простор каде се среќаваат локалната култура, гастрономијата, музиката и градиме нови навики на социјализација со дегустација на квалитни вина. Нашата цел е посетителите да не дојдат само на една вечер, туку да понесат искуство што ќе ги враќа повторно“, велат организаторите.

Мај и јуни, според најавите, ќе бидат првиот поголем тест за оваа фестивалска година. Битола ќе ја отвори сезоната со вино пред Офицерски дом, Скопје ќе ја продолжи со европска гастрономија и Виноскоп во Градски парк, а Охрид ќе ја пренесе приказната покрај езерото. Ако временските услови и организацијата се усогласат со очекувањата, пред нас е сезона во која фестивалите повторно ќе покажат дека добрата храна, доброто вино и добрата музика сè уште се наједноставниот начин градовите да оживеат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Без слободни медиуми нема силна и одговорна општина Прилеп

Следно

Ова на Меси претходно му се нема случено: Интер Мајами водеше со 3:0, на крајот беше поразен!

Latest from Blog

Димовски: Компаниите во ТИРЗ со поголеми плати, извоз и буџетски придонеси

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, соопшти дека компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони во текот на 2025 година и почетокот на 2026 година бележат значителен раст на повеќе економски

Европската држава размислува за ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА 70 КМ/Ч поради можен недостиг на гориво

Намалувањето на брзината и ограничувањето на возењето во густо населени подрачја би можело да биде начин за намалување на потрошувачката на гориво. Шведска би можела да воведе итни мерки поради евентуален недостиг

Мај и јуни во знакот на фестивали: Вино, гастрономија и концерти на секој чекор

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава носи силна фестивалска

Проданоски: Без слободни медиуми нема силна и одговорна општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, упати благодарност и поддршка до сите локални новинари и медиуми за нивната секојдневна работа и
Go toTop