Коњановски: Федерацијата ја издвои Битола како лидер во куглањето

April 26, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека кугланата во градот нуди едни од најдобрите услови за куглање во државата, по одржаното поединечно првенство во сениорска конкуренција.

Тој посочи дека натпреварувањето се одвивало во повеќе фази, при што квалификациите, осминафиналето и четвртфиналето се играле во Скопје, додека полуфиналето и финалето биле организирани во битолската куглана.

Во машка конкуренција учествувале двајца куглари од клубот „Макпетрол“, по еден од „Вардар“ и „ГТЦ“, додека во женска конкуренција настапиле три кугларки од „ГТЦ“ и една од битолскиот клуб „Пелистер“.

Коњановски информира дека заедно со директорот на ЈП „Комуналец“, Горан Степановски, ги доделиле наградите на најуспешните, а претседателот на федерацијата, Дарко Димитровски, упатил пофалби за вложувањата на Општина Битола во развојот на куглањето.

„Она што Општина Битола го прави за куглањето, ниту една друга општина не го има направено. Ќе продолжиме и понатаму да даваме поддршка и да инвестираме во овој спорт“, изјави Коњановски.

Тој додаде дека токму поради високите стандарди и услови, битолската куглана ќе биде избрана како база за подготовки на машката и женската сениорска репрезентација за претстојното Светско првенство во Австрија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„На под“: Како гала вечерта на Трамп се претвори во хаос за неколку секунди (ВИДЕО)

Следно

Димитриеска Кочоска: Денарот 34 години симбол на стабилност и доверба

Latest from Blog

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски
Go toTop