Проданоски најави нови игралишта и реконструкција во повеќе прилепски населби

April 23, 2026
1 min read

Општина Прилеп продолжува со инвестиции во подобрување на условите за детска игра и спорт, со фокус на создавање побезбедни, поквалитетни и функционални простори за граѓаните. Како дел од оваа политика, веќе е потпишан договор за изградба на ново детско игралиште со современи реквизити зад Участакот, во централното градско подрачје.

Паралелно, започнати се активности за изградба на уште едно игралиште во типската населба, во близина на стадионот со вештачка трева. Во истиот дел од градот, постоечкото игралиште кај црквата ќе биде целосно реконструирано поради неговата дотраеност, при што средствата веќе се обезбедени, а јавната набавка се очекува да биде објавена во наредниот период.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, посочи дека овие проекти се дел од поширок пристап за системско унапредување на инфраструктурата во сите населби. Во таа насока, во тек е и анализа на состојбата на постоечките игралишта, со цел да се утврдат приоритетите за реконструкција или изградба на нови содржини таму каде што е најпотребно.

Дополнително, предвидена е реконструкција на спортските игралишта во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски“, каде ќе биде поставена современа тартан подлога, што ќе овозможи подобри услови за спорт и физичка активност на учениците.

Во рамки на инвестициите во спортската инфраструктура, планирана е и изградба на нова спортска сала во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари, што претставува значаен чекор за унапредување на условите за спорт во ова населено место.

Од Општина Прилеп информираат дека со овие проекти продолжуваат вложувањата во инфраструктура што придонесува за здрав развој, активен живот и повисок квалитет на живеење за сите граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Nikolloski: Është hapur tender për përzgjedhjen e mbikëqyrësit për fazën e tretë të hekurudhës drejt Bullgarisë

Следно

Bastisje në Shkup, gjenden armë dhe municione, privohet nga liria një person

Latest from Blog

Трамп: Издадов наредба да се пука и уништи секој брод што поставува мини во Ормутскиот теснец

Во објава на неговата мрежа Truth Social, тој тврдеше дека неговите „миночистачи во моментов го чистат теснецот“. „И наредив на американската морнарица да пука и убива секој брод, без разлика колку е

Македонска берза: Комерцијална банка и Алкалоид ја предводеа ликвидноста, МБИ10 порасна за 0,17%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Промет од 10.408.946 денари, со доминација на банкарски и фармацевтски акции во сесијатаИзготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје

Проданоски од Париз: Нови идеи за електрични автобуси и одржлива мобилност

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Проданоски, информираше дека учествувал на работна посета во Париз, каде што се реализирала размена на искуства во рамки на платформата за еколошки автобуси и одржлив возен парк.

Комерцијална банка Скопје (KMB) и Алкалоид Скопје (ALK) ја предводеа ликвидноста, МБИ10 порасна за 0,17%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 23.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.972,01 поени и забележа раст од 0,17%, односно 16,72 поени,
Go toTop