„Вински Фестивал Битола“ носи три вечери музика, вино и градска атмосфера

April 22, 2026
1 min read

„Вински Фестивал Битола“ нуди програма што го следи духот на градот, разновиден, урбан и опуштен. Од Камерен оркестар Битола до „Пауза за ракија“, Гоце Саф и вечерни диџеј сетови, фестивалот, кој од 7 до 9 мај ќе се одржи на платото пред Офицерски дом, носи спој на различни музички сензибилитети во едно заокружено фестивалско доживување.

 Организаторите велат дека токму музичкиот избор е една од работите што најјасно го дефинираат фестивалот и по која сакаат уште посилно да се препознае ова издание.

 „Ова не е фестивал што оди во само еден правец. Намерата ни беше да создадеме програма што ќе го отслика битолскиот дух, град со стил, но и град што сака добра атмосфера, квалитетна музика и опуштено дружење. Програмата нуди различни стилови и енергија за дружење до доцна во ноќта, што му дава посебен карактер на фестивалот“, велат организаторите.

 

 Тие додаваат дека идејата е фестивалот да прерасне во препознатлив мајски настан во Битола.

 „Ова е град со специфичен ритам и со релаксиран стил на живот, град во кој луѓето знаат да уживаат и во вино, и во музика, и во амбиент. Нашата цел е да понудиме внимателно избрана програма, добро вино и атмосфера што не се доживува само како настан, туку како градско искуство“, посочуваат организаторите.

Фестивалската програма започнува на 7 мај со настап на резидент диџеј, по што следуваат B52, „Пауза за ракија“ и диџеј Александар Јорданов. На 8 мај ќе настапат Lockdown,,Камерен оркестар Битола и  DJ Гоце Саф, додека третата вечер, на 9 мај, е резервирана за Zdrave Music, „Љубојна“ и „Паркети“.

Покрај музичката програма, посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од домашни винарии, проследени со гастрономска понуда што го надополнува целото фестивалско доживување. Според организаторите, идејата е „Вински Фестивал Битола“ да остане отворен, комуникативен и жив настан, наменет за сите што сакаат квалитетна музика, добро вино и пријатна градска атмосфера.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски и норвешката амбасадорка Мелсом разговараа за нови можности за соработка

Следно

Навивачите на Реал Мадрид ја исвиркаа ѕвездата и покрај победата

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop