Screenshot

Македонски Концепт стартува кампања „Твои пари, твоја слобода“

April 19, 2026
1 min read

Во период кога сè почесто се отвора дилемата дали трудот во Македонија навистина се вреднува и дали системот работи во интерес на граѓаните, политичката партија Македонски Концепт започнува нова комуникациска кампања под слоганот „Твои пари, твоја слобода“. Станува збор за серијал кратки видеа преку кои, како што информираат, ќе се обработуваат реални и секојдневни ситуации со цел да се покренат прашања кои, според нив, се занемарени во јавниот дискурс.

Кампањата ќе се фокусира на теми кои директно ги засегаат граѓаните и економијата, меѓу кои колкав дел од платата реално им останува на работниците, со какви административни пречки се соочуваат бизнисите, зошто јавните претпријатија бележат загуби и кој на крај ја сноси финансиската тежина од тие состојби. Од партијата наведуваат дека целта е преку овие содржини да се разобличат системските слабости и да се поттикне јавна дебата за економските политики.

Во рамки на иницијативата, Македонски Концепт јасно ги истакнува своите ставови во насока на економска слобода, залагајќи се за пониски даноци, намалување на бирократијата, создавање поголем простор за приватна иницијатива и воспоставување фер правила за сите учесници во економијата. Партијата се позиционира како дел од економската десница, со фокус на слободен поединец, развиена приватна економија и држава која е ограничена по обем, но ефикасна во заштитата на сопственоста, трудот и законските правила.

Според нив, крајната цел е трансформација на економскиот модел во Македонија – од систем кој создава зависност од државата кон модел што ги наградува оние кои создаваат вредност, инвестираат и преземаат ризик, наместо да го оптоварува нивниот труд. Од партијата најавуваат дека првото видео од серијалот ќе биде објавено во наредните денови, со што и официјално ќе започне кампањата.

ВИДЕО ОД КАМПАЊАТА

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Кореја повторно истрела балистички ракети

Следно

Средба на Димитриеска-Кочоска со заменик-директорот на ММФ Бо Ли – Фокус на стабилни јавни финансии

Latest from Blog

Со новиот договор Луис Енрике ќе зема двојно поголема плата во ПСЖ

Фото: ПСЖ Х Шпанскиот стручњак Луис Енрике неодамна го продолжи договорот со актуелниот француски и европски шампион ПСЖ. Договорот беше продолжен до 2030 година, но за време на официјалното објавување на таа

По заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите

Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија

ВЛЕН: Растат инвестициите, извозот и индустријата – економијата со раст од 4,3 отсто

Економскиот раст од 4,3 отсто во вториот кварталпретставува позитивен сигнал за македонската економија, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека зад растот стојат зголемените инвестиции, извозот и производството. Според податоците што ги презентира

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број
Go toTop