Иран ја поништи одлуката за отворање на Ормутскиот теснец поради блокадата на САД

April 18, 2026
1 min read

„Контролата врз Ормутскиот теснец се врати во претходната состојба и овој стратешки премин е под строго управување и контрола на вооружените сили“, изјави портпаролот на Хатам-ал Анбија, Централниот штаб на вооружените сили, која е обединета командна структура на иранската армија.

Портпаролот додаде дека Иран претходно „со добри намери“ се согласил да дозволи ограничен број танкери за нафта и комерцијални бродови да поминат низ мореузот, пренесе германската агенција.

„Но, за жал, Американците, со нивните повторени прекршувања на довербата што се дел од нивниот начин на работа, продолжуваат да се занимаваат со пиратство и поморски кражби што го нарекуваат блокада“, рече портпаролот, пренесен од Фарс.

По неколку недели речиси целосна блокада на клучниот бродски пат, раководството во Техеран вчера соопшти дека танкерите за нафта и комерцијалните бродови повторно би можеле да поминат низ Ормутскиот теснец за време на прекинот на огнот.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поздрави потегот, но веднаш најави дека САД ќе ја задржат својата поморска блокада, која се однесува само на бродовите што доаѓаат до и од Иран, сè додека „нашата трансакција со Иран не биде 100 отсто завршена“, потсетува ДПА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола го слави фудбалот и пријателството преку турнирот на конзули ветерани

Следно

Tragjedia në Shkup, Autopsia tek Ivana nuk gjen drogë e as alkool, tek Stojançe gjen kokainë dhe diazepam

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop