Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ на IDEX Istanbul: следење на најновите светски иновации

April 17, 2026
2 mins read

Технологиите и иновациите што ја обликуваат иднината на современата стоматологија деновиве се претставуваат во Истанбул, на IDEX Istanbul International Dental Exhibition and Conference, еден од најголемите и најзначајни дентални саеми во регионот. Меѓу професионалците кои одблиску ги следат светските трендови и новитети се и доктори од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, кои имаат можност да се запознаат со нови генерации материјали, современи методи и решенија што брзо наоѓаат примена во секојдневната пракса. Присуството на овој престижен меѓународен настан е уште една потврда за определбата на центарот континуирано да вложува во знаење, современи технологии и нови решенија што директно го унапредуваат квалитетот на услугата за пациентите.
На саемот присуствуваат д-р Наташа Јорданоска, д-р Билјана Пецакова, д-р Маринела Миладиновска и д-р Марија Симончева, а за нив од центарот „Д-р Баткоски“ објаснуваат дека посетата на IDEX Istanbul не е само професионално присуство на голем саем, туку и директна можност одблиску да се следи во кој правец се движи современата стоматологија. Во Истанбул тие се запознаваат со најнови технологии и иновативни материјали, од напредни дигитални скенери и нова генерација дентални материјали, до решенија што овозможуваат поголема прецизност, подобра ефикасност и уште покомфорен третман за пациентите.

Фото: „Д-р Баткоски“

-За нас, присуството на IDEX Istanbul е многу повеќе од посета на саем. Ова е можност од прва рака да видиме каде се движи современата стоматологија, кои технологии и материјали носат вистинска вредност за пациентите и како тие решенија можат да се применат и во нашата секојдневна работа. Секое вакво искуство е инвестиција во знаење, а секое ново знаење на крајот значи подобар третман, поголема прецизност и уште поквалитетна услуга за пациентите во нашиот центар – вели д-р Марија Симончева.
Во современата стоматологија, брзината со која се развиваат технологиите е голема, а центрите што сакаат да останат релевантни и конкурентни мора постојано да инвестираат во професионална надградба, следење на светските движења и практична примена на новите знаења. Односно, на ваквите настани стоматолозите разменуваат и искуства со колеги и компании од различни земји и директно од колегите добиваат увид во различни практики и пристапи. Токму таквиот пристап е препознаен и како важен правец во комуникацискиот развој на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, каде акцентот е ставен на иновации, современи решенија и постојано унапредување на практиката. Особено во современи услови, каде пациентите сè повеќе очекуваат современ, сигурен и персонализиран пристап, следењето на меѓународните трендови станува суштински дел од професионалната одговорност.
Од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ велат дека и во иднина ќе продолжат да ги следат и воведуват современите трендови во стоматологијата, со јасна определба новите технологии и знаења да бидат ставени во служба на здравјето, сигурноста и насмевката на пациентите.
IDEX Istanbul 2026 се одржува од 15 до 18 април во Istanbul Expo Center и претставува еден од најголемите специјализирани настани за стоматологија, орална хирургија, дентална техника и опрема во овој дел од Европа и Блискиот Исток. Според официјалните податоци, на годинашното издание се очекуваат повеќе од 750 домашни и меѓународни компании, над 7.000 брендови и производи, повеќе од 100.000 посети, како и богата програма со над 150 конференции, презентации и стручни курсеви.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола доделува средства за проекти на општинските совети за 2026 година

Следно

Гувернерот Славески на средби со ММФ: Потребен е внимателен пристап во услови на зголемени светски ризици

Latest from Blog

Комерцијална банка Скопје (KMB), Алкалоид Скопје (ALK) и Стопанска банка Скопје (STB) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,58%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На сесијата од 17.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.870,33 поени и забележа пад од 0,58%, односно 57,69 поени, додека

Стентон Градба реконструира училишни спортски игралишта во Битола

Стентон Градба од Битола активно работи на реализација на повеќе значајни инфраструктурни зафати во областа на образованието и спортот, со тековна реконструкција на спортски игралишта на неколку локации во Општина Битола. Компанијата,

Костовски: 70 улици во тек на реконструкција, милионска инвестиција за трансформација на Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на улици во населбата Радишани, потврдувајќи го продолжувањето на инвестициите во патната инфраструктура. Според Костовски, активностите се одвиваат

Кромберг & Шуберт Македонија прогласен за „Најпосакуван работодавач“ по втор пат

На синоќешната свечена манифестација „Работодавач на годината“, организирана од водечкиот портал за посредување при вработување Vrabotuvanje.com.mk, компанијата Кромберг & Шуберт Македонија по втор пат ја потврди својата доминација на македонскиот пазар на труд, освојувајќи го престижното признание
Go toTop