Британски пакет поддршка за Украина, 752 милиони фунти и 120 илјади дронови

April 15, 2026
1 min read

Се очекува британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, денеска од Вашинтон да ја потврди траншата од 752 милиони фунти како дел од кредитот за Украина вреден 3,36 милијарди фунти, наменет за финансирање воена опрема, вклучително ракети со долг дострел, системи за противвоздушна одбрана и дронови.

Ривс изјави дека средствата ќе и помогнат на Украина да ја обезбеди неопходната воена опрема за одбрана од руската агресија, додавајќи дека Велика Британија ќе продолжи со поддршката.

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, на денешниот состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина во Берлин се очекува да го презентира најголемиот пакет дронови за украинската војска, што предвидува испорака на 120 илјади беспилотни летала.

Пакетот содржи офанзивни дронови со долг дострел, извидувачки и логистички дронови, како и поморски дронови, од кои дел се од британско производство.

Хили изјави дека таквата поддршка ќе значи зајакување на украинските одбранбени сили, како одговор на руските напади.

Дроновите се повеќе играат клучна улога во конфликтот во Украина. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна соопшти дека украинските сили за првпат извеле акција за преземање контрола врз руска позиција, притоа користејќи исклучиво далечински управувани пешадиски средства и дронови. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малопродажните цени благо пораснале за 0,43%, маржите намалени за 0,48% – дел од притисокот преземен од трговците

Следно

LSDM: Rënia e Orbanit është lajm i keq për Mickoskin, e konfirmojnë edhe mediat gjermane

Latest from Blog

Координативен состанок во Министерството за енергетика: во фокус дигитализацијата и кадровското зајакнување

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини одржа координативен состанок со претставници на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА), „Нафтовод“ ДООЕЛ – Скопје, Бирото за метрологија и Геолошкиот

Доменико Тедеско е новиот тренер на Болоња

Како замена за Винченцо Италијано, тимот на Болоња, за нов тренер го постави 40.годишниот Доменико Тедеско. Тој потпиша договор денеска кој што е со траење до 2028 година, и од него се

Генералното собрание на ОН денеска избира нов претседател

Земјите-членки на Обединети нации избираат наследник на досегашната претседателка Аналена Бербок, а кандидатот овојпат доаѓа како претставник на државите од азиско-тихоокеанската група. Во трка за функцијата се двајца кандидати – актуелниот министер

Akuo EduLab во Штип: Наставници, студенти и институции заедно за поодржливо образование

Пилот-проектот ги поврза универзитетот, училиштата и локалната заедница со цел темите за одржливост, обновлива енергија и биодиверзитет да се доближат до младите генерации Штип, 2 јуни 2026 година – Резултатите од Akuo EduLab,

Меџити: Континуираната поддршка од Швајцарија е од големо значење

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, оствари средба со амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Христоф Сомер. На средбата, како што соопшти Меџити, се разговарало за актуелните политички
Go toTop