За што разговараше Муцунски со Анита Орбан?

April 14, 2026
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – Tиса, информираа од МНР.

Муцунски упати искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори.

Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка.

Воедно, разменија мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што беше потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Стана збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.

Викендов во Унгарија, партијата на Виктор Орбан, Фидес доживеа пораз од Тиса.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арбелоа: Не ни треба никакво чудо за да го елиминираме Баерн, ние сме Реал

Следно

Мелони со осуда за Трамп: Неговите коментари за папата Лав XIV се неприфатливи

Latest from Blog

Проданоски: Вечерва започнува 23. Пиво Фестивал – Прилеп ги отвора вратите за посетителите

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека градот е целосно подготвен за почетокот на 23. издание на Пиво Фестивалот, еден од најзначајните туристички и културни настани во земјата. Според него, Општина

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија отиде во банкрот!

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија и официјално – банкротираше. Боависта ги суспендира сите активности откако клубот не успеа да ги собере потребните средства за да продолжи со работењето за време

Пред концертот во Скопје, Или Лимани со Меџити го посети Универзитетот „Мајка Тереза“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со познатиот албански музички уметник Или Лимани, го посети Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде одблиску ја проследија изградбата на универзитетскиот кампус. Меџити истакна дека

По екстремните горештини, силно невреме однесе два животи во Франција

Најмалку две лица загинаа откако силно невреме ја зафати Франција во текот на ноќта, по долг период на екстремно високи температури, додека околу 53.000 домаќинства во петокот останаа без електрична енергија, јавија
Go toTop