Саботажа? СРЕД ПРЕГОВОРИ ЗА МИР ТРАМП ПРАТИ ВОЕНИ БРОДOВИ ВО ОРМУЗ!

April 11, 2026
1 min read

Неколку бродови на американската морнарица влегоа и пловеа низ Ормутскиот теснец и тоа за време на преговорите помеѓу САД и Пакистан, потврди американски функционер. Ова е прво поминување на американски воени бродови низ тој теснец од почетокот на војната, а според извори од Вашингтон, операцијата е спроведена без координација со Иран.

Целта на маневрот е да се зајакне довербата на екипажите на комерцијалните бродови во моментот кога во Пакистан започнуваат мировните преговори меѓу страните во конфликтот. Американскиот функционер истакна дека операцијата имала исклучиво за цел да обезбеди слобода на пловидба во меѓународните води.

Од друга страна, иранската новинска агенција Тасним ги пренесува изјавите на висок безбедносен функционер кој категорично ги отфрла американските тврдења и нагласува дека ниту еден брод не поминал низ теснецот откако стапи на сила прекинот на огнот.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи тврди дека американски разорувач се обидел да влезе во теснецот, но се повлекол по недвосмислено предупредување од вооружените сили на Иран, со што се спречило потенцијално кршење на прекинот на огнот.

Според ирански извори, Техеран конкретно го информирал пакистанскиот медијатор дека бродот ќе биде нападнат во рок од 30 минути ако продолжи да се движи, што би предизвикало непоправлива штета на преговорите меѓу САД и Иран.

Повторното отворање на теснецот, стратешки клучен премин долж јужниот брег на Иран, беше една од главните одредби на договорот за прекин на огнот. Иако тој воден пат е клучен за глобалната економија, само неколку бродови поминаа низ него во деновите по објавувањето на прекинот на огнот, бидејќи, според тврдењата на Вашингтон, екипажите биле заплашени од иранскиот притисок.

По повод операцијата, претседателот Трамп се огласи и на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека заканата од морски мини е единствената алатка што Иран ја користи за да го спречи преминувањето. Тој додаде дека процесот на чистење на Ормутскиот теснец е започнат како услуга за земјите од целиот свет, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Франција и Германија.

Пред разговорите, кои започнуваат во атмосфера на длабока недоверба и за кои не е утврден ниту дневниот ред ниту директниот или индиректниот формат, премиерот се сретна и со иранската делегација.

Поздравувајќи ја посветеноста на двете делегации на конструктивен дијалог, премиерот изрази надеж дека овие разговори ќе резултираат со траен мир во регионот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заев и Филипче должат одговори дали бил договориле процент од продажбата на „Дака“ во Тетово, вели Петрушевски

Следно

Kallëzim penal për banorin e Studeniçanit: Ka incizuar dhe ka bërë skica në kazermën e Tetovës

Latest from Blog

Кога играат Атлетико и Јунајтед – домаќинот никогаш не победува, Ѓекереш ќе даде гол за Арсенал (Фото)

Најинтересните натпревари од вечерната програма во Лигата на шампионите се дел од Специјалната понуда на Sport Life, а може да се најдат стотици игри и комбинации со одлични квоти. Арсенал е голем

ЕУ отвора пат за 46 стратешки проекти за критични суровини – каде е Македонија во европската трка за бакар?

Европската Унија дефинираше 46 стратешки проекти за критични суровини, со цел да ги развива различните фази од нивниот синџир на снабдување. Бакарот е меѓу најзастапените суровини во пакетот: 19 проекти го вклучуваат

Општина Битола: Електронско јавно наддавање за закуп на општински простор на Широк Сокак

Предмет на електронското јавно наддавање е давање на деловни простории на ул.„Широк Сокак“ бр.160 Битола, сопственост на Општина Битола.  Увид во урбанистичко планска документација, увид на лице место и увид во сликовен

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан
Go toTop