Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан

April 11, 2026
1 min read

Разговорите ќе се одржат во пакистанскиот главен град во услови на засилени безбедносни мерки, поради што властите прогласија дводневен државен празник и ги испразнија улиците во градот.

Американската делегација ја предводи потпретседателот на САД, Џej Ди Венс, заедно со специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.

Пред состанокот, Венс рече дека САД влегуваат во преговорите со чувство на оптимизам, но во исто време го предупреди Иран „да не се обидува да ги надмудри САД“.

Иранската делегација во Исламабад се состои од 71 лице, вклучувајќи преговарачи, експерти, претставници на медиумите и безбедноста, јавија денеска иранските државни медиуми.

Делегацијата ја предводи Мохамед Бакер Калибаф, претседател на иранскиот парламент, а во неа е и министерот за надворешни работи, Абас Аракчи.

Предлогот од 15 точки на администрацијата на Трамп, што не е целосно откриен, наводно вклучува обврска на Иран да не поседува нуклеарно оружје, предавање на својот високо збогатен ураниум, ограничување на одбранбените капацитети на Техеран и повторно отворање на Ормуската Теснина.

„Имаме добри намери, но не веруваме. Нашето искуство во преговорите со Американците отсекогаш било обележано со неуспеси и прекршени ветувања“, рече Аракчи по слетувањето во Исламабад.

Исто така, беше објавено дека Израел и Либан ќе започнат официјални мировни преговори во Вашингтон во вторник. Прекинот на нападите во Либан е еден од условите што ги бара Иран во паралелните преговори со САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војската на САД се подготвува за нови напади врз Иран доколку преговорите што започнуваат во Пакистан не доведат до конечен договор. 

– Сè започнуваме од почеток. Ги полниме бродовите со најдобрата муниција и со најмоќното оружје некогаш направено. Ако нема договор, ќе ги употребиме многу ефикасно – се закани американскиот претседател.

Претходно, Трамп на својата мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social) најави „најмоќен рестарт на светот“. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арбелоа бесен на судиите: Ова е пенал тука и на месечината!

Следно

Pragu prej një përqind në RMV: Si fitojnë shumë para partitë me pak vota pas zgjedhjeve? (Infografik)

Latest from Blog

Кој ги саботира германските воени бродови?

Вкупно десет можни саботажи се откриени од почетокот на 2025 година, а прашањето е кој стои зад нив, пишува „Euronews“. Последниот во низата инциденти се случи кон крајот на февруари оваа година

Со изложба и награди заврши 45-тото издание на „Мал битолски Монмартр“

Со свечена церемонија на платото Монмартр во Старата битолска чаршија денеска заврши 45-тото издание на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, една од најзначајните културни манифестации за деца и млади уметници
Go toTop