Трамп најави нови напади врз Иран доколку преговорите во Пакистан пропаднат

April 10, 2026
1 min read

Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп нагласи дека воените подготовки се во тек и дека американските бродови се опремуваат со најмодерно вооружување.

– Сè започнуваме од почеток. Ги полниме бродовите со најдобрата муниција и со најмоќното оружје некогаш направено. Ако нема договор, ќе ги употребиме многу ефикасно – се закани американскиот претседател.

Претходно, Трамп на својата мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social) најави „најмоќен рестарт на светот“. Неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс веќе отпатува за Исламабад, каде што утре треба да го предводи американскиот тим на клучните преговори со иранската страна.

Вашингтон и Техеран во вторникот објавија двонеделен прекин на огнот по четириесетдневната војна, во која Трамп претходно се закануваше со целосно уништување на иранската цивилизација. Секое обновување на непријателствата директно би ја загрозило безбедноста на меѓународната пловидба низ Ормуската Теснина. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поскапа велигденска трпеза, цените растат, традицијата не отстапува

Следно

Ministri Hoxha priti në takim kryetarin e Studeniçanit, në fokus bashkëpunimi për të mirën e qytetarëve

Latest from Blog

Селекторот на младите е нов привремен А-селектор на Италија

Италијанската фудбалска федерација одлучи, селекторот на У21 репрезентацијата Силвио Балдини, да го назначи за привремен селектор на А репрезентацијата за јунските пријателски дуели. За овој период на трети и седми се планирани
Go toTop