Проф. Дарко Данев кандидат за ректор на УКИМ со визија за модерен и отворен универзитет

April 7, 2026
1 min read

Професорот Дарко Данев од Машинскиот факултет во Скопје влегува во трката за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставувајќи се како кандидат кој целиот свој академски и професионален развој го изградил токму на УКИМ. Со мотото „Од УКИМ-набљудувач до УКИМ-создавач“, Данев ја започнува својата кампања, нагласувајќи дека универзитетот за него не е само институција, туку втор дом во кој ги поминал додипломските, постдипломските и докторските студии, како и целата академска кариера – од асистент до редовен професор.

Данев двапати бил декан на Машинскиот факултет, период во кој, како што посочува, биле воведени стипендии за најдобрите студенти и биле отворени лаборатории каде студентите работеле на реални проекти со компании, со што се доближувале до пазарот на труд. Неговото име студентите го поврзуваат и со масовни промоции и настани кои ја зајакнувале академската заедница и создавале чувство на припадност.

Во своите јавни настапи, Данев се навраќа и на студентските денови, кои ги опишува како период на интензивно учење, но и силни пријателства кои траат до денес. Тој посочува дека тогаш условите биле поинакви, без интернет и лесен пристап до литература, но токму тоа ја зајакнувало посветеноста и тимската работа меѓу студентите.

Професорот има и богато меѓународно искуство. Уште во 1991 година престојувал во САД, а подоцна се усовршувал во Шведска, Германија, Белгија и Јапонија. Дел од својата докторска работа ја реализирал на универзитет во Флорида, каде добил и понуда да остане како доцент, но одлучил да се врати во Македонија со цел да придонесе за развојот на домашното образование и научна мисла.

Пред да започне академска кариера, Данев работел и во приватниот сектор, како и во Сојузот на возачи на Македонија, каде на релативно млада возраст раководел со организација со широка мрежа низ земјата. Неговиот научен интерес е насочен кон конструкцијата на возилата, машинството и современите технологии, вклучително и примената на вештачка интелигенција.

Во својата програма како кандидат за ректор, Данев посебен акцент става на студентите. Предвидува целосна дигитализација на административните процеси, отворање платени работни места за студентите во рамки на универзитетот, воведување универзитетски стипендии врз основа на интерно тестирање, како и поголема поддршка за студентските клубови и активности. Дополнително, предлага воведување на „студентско вето“ за клучни прашања поврзани со студентскиот стандард, како и подобрување на условите во студентските бифеа.

Неговата визија вклучува и поголема транспарентност при распределбата на студентските размени и засилена меѓународна соработка, со цел УКИМ да се позиционира како современ и отворен универзитет.

На крајот, Данев испраќа јасна порака дека студентите се клучот за иднината на државата, нагласувајќи дека улогата на универзитетот е да создаде услови младите да останат и да градат кариера во Македонија, наместо да заминуваат во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mevlan Ademi në Click Plus: Mesazhi që dëshironim të përcjellim te Ministria e Drejtësisë u dha!

Следно

Меџити: Улицата „Јосиф Михајловиќ“ во Чаир доби целосно нов лик по темелна реконструкција

Latest from Blog

Проданоски: Празникот Благоец носи надеж и светлина за сите граѓани на Прилеп

По повод големиот христијански празник Свето Благовештение – Благоец, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на Светата архиерејска литургија во храмот „Свето Благовештение“. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот г. Петар, кој

Иравани: САД го користат воздушниот простор на соседите за напади врз Иран

Иран ги советуваше Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да не им дозволуваат на Соединетите Американски Држави користење на нивната територија и воздушен простор за воени напади против Исламската Република, потсетувајќи ги

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро

Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија во рамки на „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката

Општина Прилеп го одбележува 8 април: „Гласот на успехот“ ќе ја слави ромската заедница преку култура и уметност

По повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, Општина Прилеп организира настан со наслов „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“, кој ќе се одржи утре (среда), 8
Go toTop