Божиновска од Вашингтон: Се отвораат нови врати за економска и енергетска соработка со САД

April 6, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, е дел од македонската делегација која учествува на Стратешкиот дијалог во Соединетите Американски Држави, платформа за продлабочување на партнерството меѓу двете земји.

Во рамки на дијалогот, Божиновска ќе земе учество на тематски сесии и ќе има серија билатерални средби со претставници на американската администрација и компании од енергетскиот сектор.

Главните теми на разговор се енергетска безбедност, економска соработка и конкретни проекти кои ја поддржуваат стабилноста и развојот на земјата.

„Овој дијалог е клучен за позиционирање на Северна Македонија како партнер со јасна визија и приоритети во енергетскиот сектор“, истакна Божиновска.

Делегацијата, составена од претставници на повеќе министерства, има за цел да ја зајакне економската и енергетската соработка меѓу двете земји, отворајќи нови можности за инвестиции и развој.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вака би требало да изгледа новиот стадион во Приштина!(ФОТО)

Следно

Зеленски ѝ нуди примирје на Русија

Latest from Blog

Рударските концесии носат милиони во општините

Рударските приходи го зголемуваат просторот за вложување во градинки, училишта и инфраструктура. Резултатот зависи од наплатата и реализацијата на проектите. Во завршната сметка на Крива Паланка за 2025 година, надоместоците за користење

Тоневски: Продолжуваат работите на селските патишта во Пробиштип

Во тек се работи за порамнување на патот до селото Јамиште и посипување на критичните места, со цел повторно да се овозможат неговата проодност и функционалност, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Прилеп вечерва свечено одбележува 85 години од 11 Октомври

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ги повика граѓаните вечерва, 10 октомври, да присуствуваат на свеченото одбележување на 85-годишнината од 11 Октомври. Програмата ќе започне во 19:30 часот на плоштадот „Александрија“, пред Камената
Go toTop