Димитриеска-Кочоска: „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија кредитниот рејтинг на Македонија

April 6, 2026
1 min read

6 април 2026 година, Скопје  – Агенциите за кредитен рејтин „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилнот кредитен профил на земјата во поолугодишните прегледи.
„Стандард и Пурс“ изврши редовен полугодишен преглед на кредитниот рејтинг на РС Македонија, во рамки на календарот за суверени рејтинзи за ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) регионот.
Станува збор за стандардна процедура согласно европската регулатива, при што се врши оценка на тековните економски и фискални показатели, како и на пазарните движења. Во рамки на овој полугодишен преглед не е објавено ново истражувачко ажурирање, што укажува дека клучните фактори кои влијаат врз кредитниот рејтинг на државата остануваат непроменети.
Воедно, минатиот месец „Фич“ спроведе редовна ревизија на кредитниот рејтинг на државата, при што исходот од разгледувањето е „Review – No Action“, односно нема промена на постојниот кредитен рејтинг и нема да биде објавен посебен извештај.
Со тоа, двете кредитни агенции го потврдуваат стабилниот кредитен профил на Република Македонија, при непроменети клучни фактори што влијаат врз рејтингот.
Во рамки на последните објавени извештаи, „Стандард и Пурс“ го задржа кредитниот рејтинг на државата на нивото „BB-“ со стабилни изгледи, додека „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на „BB+“ со стабилен изглед.

Потврдата на кредитните рејтинзи претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономските политики, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата редовно и навремено да ги сервисира своите финансиски обврски. Воедно, таа укажува на континуитет во спроведувањето на економските политики и отпорноста на економијата во услови на зголемена глобална неизвесност.
Според оценките на кредитните агенции, економскиот раст е поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во инфраструктурни проекти, како и од растот на потрошувачката на населението.
Кредитниот рејтинг претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари, бидејќи го одразува нивото на ризик и довербата во економските политики на државата.
„Потврдата на рејтинзите од страна на двете водечки меѓународни кредитни агенции претставува значаен сигнал за доверба во економските политики и охрабрување за продолжување на реформите, со цел обезбедување одржлив економски раст и подобар животен стандард за граѓаните“ кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истражување: Шпанците го сметаат Трамп за поголема закана по светскиот мир од Путин

Следно

AAK përkrahë protestën e studentëve në Shkup për provimin e jurisprudencës në gjuhën shqipe

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop