Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски

April 6, 2026
1 min read

Владата работи со сите стекхолдери за доаѓање до конечна верзија на законот за заштита од пушењето. Не е во ред децата од најмала возраст да користат ароматизирани вајпови, кои потоа можат да се трансформираат во нешто друго, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одоварајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосно реконструираните шест операциони сали на хируршките клиники во Клинички центар „Мајка Тереза“, тој појасни дека увозниците се правдале со тоа дека ќе има шверц со таканаречените вајпови од соседните земји.

– Значи сега не е од едно лошо, алтернативата ни е друго лошо. Не е тоа суштината на оваа реформа. Ние велиме дека секој може да си продава тоа што треба да си продава, но треба да има јасно правило како сето тоа ќе функционира. Не можеме тие барања, ние ајде да дозволиме и понатаму ароматизирани вајпови да се користат, и децава на 11-12 години да ги користат. Тоа не е во ред. Тоа е она кое што ние не сакаме да биде во законот, а тие велат да има еден-два вкуса, ментол да имало. Не е ова шведска маса – малку од ова сакам, малку од она, или правиме холистички пристап, пристап со кој што ќе направиме нешто, или подобро да оставиме вака да биде како што е сега, без контрола, па да видиме до кај ќе стигнеме. Се разбира дека второто не е решение. Се разбира дека првото ќе е решение и мора да имаме рамка. Не може вака, нагласи Мицкоски.

Тој забележа дека постоечкиот закон има селективна или никаква примена, што според премиерот, е рецидив од минатото, кој сакаат да го канализираат.

-Се пуши каде што не треба да се пуши. И тука разговаравме со ХОРЕКА групацијата, хотелите, рестораните, клубовите, и тука веќе имаме некакво решение. Но, исто така околу производителите и увозниците ќе се сложите дека на малолетници се повеќе имаме примери каде што се користат и се употребуваат таканаречени вајпови, со вкусови, подвлече Мицкоски.

Министерот за здравство Азир Алиу подвлече дека стратегијата на Владата е сите закони да ги работат синхронизирано и со сите стекхолдери во државата.

-Тоа го направивме и со овој закон. Ние имавме неколку состаноци на работно ниво со работните групи, но и на политичко ниво во целата процедура беше вклучен и премиерот. Постојано се координираме и синхорнизираме со сите владини и невладини институции и бизнис заедницата. Законот е при крај. Денеска го имам последниот состанок за дополнително да се синхронизираме од правна гледна точка. И ценам дека оваа недела или наредната ќе биде дел од владините процедури, изјави Алиу.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Замина великанот Родољуб Анастасов

Следно

Истражување: Шпанците го сметаат Трамп за поголема закана по светскиот мир од Путин

Latest from Blog

Николоски: 430 милиони денари за развој на Тетово и подобри услови за граѓаните

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска изврши увид во реконструираната улица „Штипска“ во Тетово, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами. Николоски посочи дека реконструкцијата на оваа

Божиновска: Создаваме модерен енергетски систем кој ќе ја штити економијата и граѓаните

По повод 10 Јули – Светскиот ден на енергетската независност Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување

Науката потврдува дека современите технологии во рударството, како што би биле и во „Иловица“, се безбедни

Рударството денес функционира според сосема поинакви стандарди од оние што јавноста најчесто ги поврзува со индустријата. Тоа го истакнува универзитетскиот професор Благој Голомеов, коментирајќи ги технологиите предвидени за идниот рудник за бакар

Реакција од СУНСП: Сметководителите не смеат да бидат мета на политички дискредитации

Во рамките на собраниските дебати поврзани со тековниот ребаланс на буџетот, со загриженост ги забележуваме обидите на еден пратеник од македонското собрание за користење на статусот “сметководител” во негативен и пејоративен контекст, со цел да
Go toTop