Замина великанот Родољуб Анастасов

April 6, 2026
1 min read

На 91-годишна возраст во Скопје почина македонскиот сликар Родољуб Анастасов, еден од најзначајните автори во современата македонска уметност и творец кој го разви енформелот во земјава.

Анастасов ќе остане запаметен и по својот редок гест – целокупното творештво го донираше на Македонија. Пред 15 години подари 389 дела создадени во периодот од 1957 до 2010 година, кои денес се изложени во галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ во Музејот на град Скопје.

Роден во Скопје во 1935 година, Анастасов се школувал кај значајни македонски уметници, меѓу кои Лазар Личеноски и Димитар Пандилов, а студирал и на Академијата за ликовна уметност во Белград.

Неговиот живот бил обележан и со тешки моменти – во 1963 година бил осуден за „вербален деликт“ и испратен на Голи Оток, поради несогласување со ставовите на Јосип Броз Тито за апстрактната уметност.

Првата самостојна изложба ја реализирал во 1966 година, а подоцна работел и како професор во уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброи Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот, во 21 век.

Последната изложба на Анастасов со нови дела одржана е во Музејот на Град Скопје, во јули 2023, насловена „Визии – глава полна со луѓе“, со над 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер Сити потврди дека капитенот си заминува

Следно

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop