Советот ја укина суспензијата: Цветановски се враќа на функција – предметот за бонусите во СЈО повторно на разгледување

April 4, 2026
1 min read

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно се враќа на работа во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија. Одлуката е донесена по утврдени пропусти во постапувањето на првостепената дисциплинска комисија, а предметот против него е вратен на повторно разгледување.

Цветановски беше дел од постапката поврзана со бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), поради што и беше суспендиран. Тој и претходно тврдеше дека суспензијата е резултат на притисоци и обид за дискредитација, бидејќи одбил да донесе, како што наведе, незаконска одлука.

Во изјава за МИА, Цветановски посочи дека сè уште нема добиено целосно решение за укинување на дисциплинската одлука, туку само за суспензијата, и очекува да се запознае со констатираните пропусти.

 

– Треба формално да ми биде доставено решението, за да видам кои се пропустите што се утврдени, па потоа да можам поконкретно да коментирам – изјави тој.

Тој нагласи дека во жалбата што ја поднел биле изнесени бројни аргументи кои, според него, не биле соодветно разгледани од првостепената комисија.

– Мојата жалба беше обемна, а комисијата не одговори ниту на мал дел од наводите. Очекувам новата дисциплинска комисија да посвети многу поголемо внимание, бидејќи станува збор за сериозни прашања – рече Цветановски.

Како особено спорен го посочи, како што тврди, незаконскиот надзор врз неговото работење, за кој смета дека влијаел врз неговите одлуки како обвинител.

– Со еден надзор, за кој сметам дека е незаконски, се влијаеше врз моето постапување. Очекувам овие наводи да бидат сериозно разгледани – додаде тој.

Во однос на тоа дали повторно ќе постапува по предметот за бонусите во СЈО, Цветановски вели дека тоа ќе зависи од понатамошните процедури и евентуалните жалби.

Од Советот на јавни обвинители потврдуваат дека при разгледувањето на случајот биле утврдени сериозни пропусти во работата на дисциплинската комисија. Претседателот на Советот, Башким Бесими, изјави дека тие немаат надлежност да ги коригираат пропустите, поради што предметот е вратен на повторно одлучување со конкретни насоки.

Тој појасни дека токму утврдените пропусти биле основ обвинителот да се врати на работа.

– Во решението за суспензија имаше повеќе недостатоци, со што се исполнети условите јавниот обвинител да продолжи со извршување на функцијата – изјави Бесими.

 

Извор: Expres.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Следно

MASH e harroi Konviktin e Tetovës, ende nuk janë përmirësuar vërejtjet e Revizionit

Latest from Blog

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Најмногу дожд 4 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, 2 во Маврови Анови, а по 1 во Виница, Куманово, Попова Шапка, Крушево, Струмица,

САД ги укинаа санкциите врз рускиот банкар Михаил Задорнов

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) го отстрани Задорнов, поранешен руски министер за финансии и финансиски директор поврзан со Откритие банка, од својот список на санкционирани лица, објави Анадолу. Задорнов, роден

Прво одобрение за градба без комуналии во Аеродром

Општина Аеродром информира дека е издадено првото одобрение за градба со нула денари комуналии, како дел од мерката за поддршка на граѓаните. Станува збор за ослободување од надоместокот за уредување на градежно
Go toTop