Николовски: Владата ги потроши креативните решенија за европските интеграции

April 2, 2026
1 min read

Извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски, во дебата во емисијата „Вин-Вин“ за европскиот пат на земјата оцени дека Владата досега ги потрошила речиси сите „креативни решенија“ во обидите за деблокада на евроинтеграциите, без да понуди нова јасна стратегија.

„Можеби имаше стратегија во делот на поголемо нудење на некакви креативни решенија во делот на промената на Уставот. Па така имаше одложено дејство, промена на рамката, па гаранции, па стигнавме до гаранции за правата на Македонците во Бугарија, но гледаме дека тие предлози се потрошија едноставно. Мислам дека нема ништо во арсеналот на Владата да понуди повеќе во некакво решавање“, изјави Николовски.

Тој оцени дека државата денес има ограничен број надворешни поддржувачи и дека претходните фази на меѓународна поддршка се намалени.

„Бевме во некаква позиција каде бевме фалени, но мислам дека тоа време заврши… сега има симпатии кон нас од Унгарија, но тоа е единствено“, додаде тој.

Николовски направи и паралела со периодот по ветото за НАТО во Букурешт во 2008 година, предупредувајќи на можни слични политички модели.

„Бевме во некаква позиција каде бевме фалени, но мислам дека тоа време заврши… Јас би се вратил на фиаското во Букурешт во 2008 година… тогаш Владата на Груевски не знаеше што да понуди и им понуди национализам и антиквизација“, истакна Николовски.

Тој предупреди и на ризик од зголемена внатрешна поларизација.

„Гледам некоја слична стратегија со тоа… ќе има многу ‘лупања во гради’ и пораки дека сме тврд орев, наместо фокус на европските реформи“, рече Николовски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот голман на Ливерпул најави заминување во пензија

Следно

Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop