Општина Битола објави оглас за прибирање на понуди за поставување на урбана опрема

April 1, 2026
1 min read

Општина Битола издава локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење на Градското шеталиште во Битола за периодот од 15.04.2026 до 15.10.2026 година.
Локација за поставување на урбана oпpeмa:

  • вкупно 4 (четири) локации за поставување урбана опрема- тезга со површина од 2 м2 под Мезе Бар Јагода во Битола.
  • вкупно 5 (пет) локации за поставување урбана опрема- тезга или трицикл со површина од 2 м2 до Детскиот парк, покрај оградата, во Битола.
  • вкупно 14 (четиринаесет) локации за поставување урбана опрема- тезга или трицикл со површина од 2 м2 по должина на градското шеталиште, од лева страна гледано кон градскиот базен во Битола.
    Локациите за поставување на урбана опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.04.2026 до 15.10.2026 година.

Почетната цена за издавање на локација за поставување на урбана опрема на Градско шеталиште изнесува:

  • 2.500,оо денари по локација под Мезе Бар Јагода (тезги)
  • 4.000,оо денари по локација до детскиот парк, покрај оградата (тезги и трицикл)
  • 5.000,оо денари по локација по должина на градското шеталиште, од лева страна гледано кон градскиот базен (тезги и трицикл)
    Почетните цени за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема се однесуваат на месечен период.
    Во почетната цена за издавање на урбана опрема не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија и истите паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
    Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое физичко лице со живеалиште во општина Битола и секое правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Битола и кое не е во постапка за стечај или ликвидација.

Понудите да се достават најдоцна до 07.04.2026 година во 12:00 часот.
Понудите се доставуваат лично во Архивата на Општина Битола.
Повеќе на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/urbana-oprema/

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските здруженија од Тирана и Подгорица потпишаа меморандум за соработка

Следно

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани – март со 346,12 милиони денари промет (02–31.03.2026)

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop