„Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО“

March 31, 2026
1 min read

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат, а никако да сработат на страна на правдата цели 10 години, нека си го стават прстот на чело и нека си ги постават следните прашања, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

1. Дали не треба кривично да одговараат што крадеа народни пари од СЈО без мера за да вршат политички прогон и хајка?

2. Дали заборавија на изјавите и сведочењата на нивната колешка Лејла Кадриу за тоа дека екс премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска оделе во СЈО навечер и лично селектирале предмети кои треба да бидат обработувани согласно нивните политички мотиви?

3. Дали заборавија дека на чело на оваа политички инструирана и скапо платена багра која ја закопа правдата и амнестираше милионски криминали на Заев, стоеше осудената за рекет Катица Јанева?

-Ленче Ристоска исто како и сите гореспоменати беа дел од истиот апарат кој ја погребуваше правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туфегџиќ предупредува: Предметите не се сопственост на обвинителите

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

Latest from Blog

Пожарникарите од Прилеп ќе изведат показна вежба на градскиот плоштад

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија, Општина Прилеп и ТППЕ Прилеп организираат презентација на дел од противпожарната опрема и показна вежба. Граѓаните ќе имаат можност одблиску да се

Европол отстрани илјадници објави од Иранската револуционерна гарда

Голема меѓународна операција на Европол отстрани повеќе од 14.200 онлајн објави, сметки и линкови поврзани со Корпусот на исламската револуционерна гарда (IRGC) на Иран и ја суспендираше главната сметка на групата на

Николоски: Одлична вест за македонските транспортери, во Хрватска усвоен закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи

Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. „Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните

Николоски: По Швајцарија, и Хрватска воведува долгорочни визи за возачи

Хрватска усвои закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи, потег што се оценува како големо олеснување за транспортниот сектор и за македонските возачи кои секојдневно работат на европските

ВЛЕН: Ова не е грижа за студентите, туку обид за политички поени

ВЛЕН жестоко реагираше по протестите поврзани со барањето правосудниот испит да се полага и на албански јазик, обвинувајќи дека зад целата „врева“ не стои вистинска грижа за студентите, туку политичка борба за
Go toTop