Screenshot

Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор за зајакнување на соработката

March 31, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер.

На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната успешна соработка и за иницијативата за обновување на протоколот за збратимување со словенечкиот град Копер. Посебен акцент беше ставен на образованието, со оглед на тоа дека голем број прилепски млади ја продолжуваат својата едукација во Словенија.

Проданоски и амбасадорот присуствуваа на обуката „Филигран и Рубин“ во СОУ „Орде Чопела“, која се реализираше во рамки на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“. Обуката им овозможува на младите да стекнат конкретни вештини за традиционални занаети и да развиваат сопствени стартап бизниси, со особено внимание на природните богатства на Прилеп, како мермерот и македонскиот рубин.

 

Градоначалникот истакна дека ваквите иницијативи не само што инвестираат во знаењето на младите, туку и ја негуват културната традиција, која е клучна за идните генерации.

Проданоски упати благодарност до Амбасадата на Словенија, Министерството за надворешни и европски работи на Словенија и до сите партнери вклучени во проектот, нагласувајќи дека Прилеп има голем потенцијал кој заслужува континуирана поддршка.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Vjen mendimi i Komisionit të Venecias për shqipen, theksohet zbatimi praktik dhe nevoja për burime nga shteti

Следно

Avokati i Popullit reagon: Diskrimin moslejimi i dhënies së provimeve juridike në shqip

Latest from Blog

Во СДСМ ќе се дискутира за тоа што барала Славјанка Петровска на настан на „нова демократска платформа“

Органите и телата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) идната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката од партијата и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие

ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА НАПРЕДУВА СПОРЕД ПЛАНОТ: Завршувањето се очекува следната година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција
Go toTop