ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

March 31, 2026
2 mins read

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го прекина дисциплинскиот предмет против поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, бидејќи тој претходно поднел барање за престанок на функцијата.

Во изјава за медиуми по седницата, претседателот на СЈОРМ, Башким Бесими, изјави дека го разгледале решението и жалбите и констатирале дека има пропусти во Првостепената комисија во предметот за Цветановски.

-Како Совет, ние не можеме да ги исправиме тие пропусти, бидејќи нашите надлежности не го дозволуваат тоа. Заради тоа предметот го враќаме назад со конкретни насоки, а потоа Комисијата ќе донесе нова одлука. Доколку повторно има жалба или по донесувањето на одлуката, ние ќе постапиме соодветно – рече тој.

Во однос на укинувањето на решението за суспензија, појасни дека согласно него, обвинителот се враќа на работа.

– Причините за оваа одлука се самиот факт дека во решението имаше многу пропусти. Со тоа се создава основа јавниот обвинител да се врати на работа. Како Совет го констатиравме тоа и затоа одлучивме суспензијата да се укине. Со оваа одлука обвинителот се враќа на својата функција – рече Бесими за обвинителот Цветановски.

Јован Цветановски беше јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Тој стана познат поради неговата улога во предметот за бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Цветановски беше суспендиран, а причината беше неговата одлука во врска со тој предмет. Тој тврдеше дека суспензијата е резултат на притисоци и обид за дискредитација, бидејќи одбил да донесе „незаконска одлука“ за бонусите. Во јавноста излезе со изјави дека врз него се вршени притисоци од други обвинители и дека суспензијата е дел од политички мотивирана хајка.

Во рамки на седницата беше разгледан и дисциплинскиот предмет за поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи за кој Советот констатираше дека тој претходно поднел барање за престанок на функцијата, па предметот против него беше прекинат.

Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“, базирано на наводи дека во периодот од септември 2023 до октомври 2024 година, тој користел хиерархиска надреденост за континуирано психичко насилство и закани врз пет вработени жени, при што наводно им се заканувал дека „ќе ги дигнел на клоци“ или „ќе ги фрлел од 6-ти кат“ и се обидувал да ги принуди да потпишат изјави дека биле изманипулирани.

Хајрулахи категорично ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека случајот е тенденциозен и политички монтиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во врска со бонусите на СЈО.

Во однос одлуката по иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска за надворешни влијанија и политички притисоци врз нејзината самостојност – односно нападите кои, според неа, потекнуваат од политички структури на ВМРО-ДПМНЕ, а како пример ги навела изјавите на премиерот и објавите на веб-страницата на партијата – Бесими изјави дека во говорот на премиерот не било спомнато името на обвинителката, па оттаму Советот не можел да утврди конкретно влијание врз нејзината работа.

На прашањето дали доколку беше спомнато името на обвинителката Советот би постапил поинаку, тој одговори дека во таков случај предметот повторно би бил разгледан.

– Не сакам да прејудицирам, секој предмет си има своја тежина – рече Бесими.

Советот на јавни обвинители денеска претходно, на седницата едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска. Комисијата оцени дека изјавите не се поврзани со конкретни дејства што би ја довеле во прашање нејзината независност, а Советот заклучи дека нема надворешно влијание врз нејзината работа ниту загрозување на професионалниот интегритет.

Покрај ова, Советот донесе одлуки за распишување огласи за избор на јавни обвинители во повеќе обвинителства во државата, меѓу кои во Ресен, Крива Паланка, Кочани и вишите јавни обвинителства во Битола и во Скопје.

По овие одлуки, републичкиот обвинител Ненад Савески, зема збор и упти апел да се воспостави јавна комуникација за, како што рече, да се инспирираат колегите да се пријавуваат на огласите.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Следно

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Latest from Blog

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања

Јамал: Играме најдобар фудбал, веќе можам да си замислам дека ќе го освоиме Светското првенство!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламине Јамал, верува дека „Црвената Фурија“ може да триумфира со титулата на Светското првенство ова лето. Шпанците се едни од фаворитите за

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски
Go toTop