Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

March 30, 2026
1 min read

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството.

Ова, како што информираат, е историски прв колективен договор на Министерството за спорт склучен по неговото формирање во јули 2024 година.

-Со овој договор значително се унапредуваат правата на вработените, се обезбедуваат поповолни услови од оние предвидени со досегашните законски решенија и важечките колективни договори во јавниот сектор. Документот опфаќа нови и проширени права за вработените, со цел подобрување на статусот и условите за работа – се вели во соопштението од Министерството за спорт.

Клучната новина е значителното зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира етапно, во три фази, започнувајќи од март 2026 година до март 2028 година: 7% зголемување од 1 март 2026 година, дополнителни 7% од 1 март 2027 година и дополнителни 7% од 1 март 2028 година.

Со ова, вкупното зголемување на платите ќе достигне 21% во наредниот тригодишен период.

Платите на вработените кои немаат статус на административни службеници ќе се уредуваат согласно Законот за минимална плата и општите прописи за работни односи.

Колективниот договор, како што информираат, предвидува и бројни бенефити за вработените, меѓу кои регулирање на прекувремената работа, платено и неплатено отсуство, додатоци на плата за ноќна работа, сменска работа, работа во денови на празници и прекувремена работа, јубилејни награди, гаранции за заштита и безбедност на вработените, заштита од вознемирување на работното место, надоместување на трошоци поврзани со работата и друго.

Со потпишувањето на овој договор, Министерството за спорт и социјалните партнери испраќаат силна порака за заедничка посветеност кон унапредување на работничките права, зајакнување на социјалниот дијалог и градење модерна и ефикасна јавна администрација.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје ја разреши директорката на „Лајка“

Следно

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop