Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

March 30, 2026
1 min read

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен стартот на подготовките за значаен инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради во Северна Македонија.

На состанокот беа презентирани насоките за изработка на подготвителна студија за енергетска ефикасност, со јасна определба обновата на јавниот градежен фонд да стане еден од клучните државни приоритети. Процесот се реализира во рамки на програмата PEEB Cool, со поддршка од Француската агенција за развој (AFD) и во координација со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и надлежните институции.

Како почетен чекор, беше презентирана листа од 14 приоритетни јавни објекти со вкупна површина од околу 100.000 квадратни метри и проценета вредност за реновирање од околу 11 милиони евра. Ова претставува основа за градење на значително пошироко инвестициско портфолио, со амбиција да достигне најмалку 50 милиони евра.

Во текот на состанокот беше потенцирано дека државата веќе има обврска за годишна обнова на 3% од јавните згради во периодот 2025–2028, со цел до 2028 година да се достигне најмалку 9% обновена површина. Подготвителната студија ќе обезбеди конкретна и применлива основа за следната фаза – детални анализи и реализација на инвестиции.

Фокусот ќе биде ставен на длабински и мерливи резултати. За секој објект ќе треба да се исполнат најмалку два од трите клучни критериуми: најмалку 40% заштеда на енергија, 40% намалување на емисиите на стакленички гасови или 40% заштеда на вода. Дополнително, кај објектите без системи за ладење, ќе се бара и најмалку 20% подобрување на термичкиот комфор.

Со овој процес, државата поставува јасна, технички заснована и инвестициски подготвена рамка за забрзување на обновата на јавните згради, намалување на енергетската потрошувачка и унапредување на условите во јавниот сектор.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Следно

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Latest from Blog

Скандал уште на стартот во Серија А: Дали судијата му помогна на Наполи да победи?!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/SSCNapoli/ Првото коло од италијанската Серија А започна со тензии и скандали откако директорот на Џенова, Диего Лопез, остро го критикуваше судењето за време на поразот на неговиот тим од Наполи со

ТРАМП ДОБИ „НЕ“ ОД КАНАДА: Пропаднаа трговските преговори, Карни се повлече од масата

Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа, откако канадскиот премиер Марк Карни се повлече од разговорите поради, како што наведе, постојаното проширување на американските барања. Пропаѓањето на преговорите претставува нова неизвесност во

Утре без вода дел од Ѓорче Петров

Утре од 08:00 часот вода нема да имаат корисниците од улицата „1409“ и индустрискиот дел во општина Ѓорче Петров. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок

Трансфери: Баерн преговара со Кејн, Ѓокереш би можел во Барса, Ришарлисон си оди а Гакпо доаѓа во Тотенхем

ФОТО: FC Bayern München/FB И покрај понудите, веќе е јасно дека Хари Кејн нема намера, барем засега, да си оди од Баерн Минхен. Од таборот на “баварците“ велат дека наредните денови ќе

Табановце повторно без поголеми задржувања: Странските возачи казните можат да ги платат преку апликација

Сообраќајот на Граничниот премин „Табановце“ денеска се одвива нормално и без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Во изминатиот период на преминот беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возила со
Go toTop