Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

March 29, 2026
2 mins read

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph.

Вододимир Зеленски, претседателот на Украина, изјавил дека Москва ги користи своите шпионски сателити „за интересите на Иран“, вклучително и снимање на американските и британските бази на Блискиот Исток.

Министерството за одбрана претходно изјави дека е „многу веројатно“ Москва да споделува разузнавачки податоци со Техеран дури и пред да избувне војната минатиот месец, но се чини дека соработката се продлабочува.

Зеленски, кој во саботата доби разузнавачки брифинг со детали за активноста на руските сателити, изјавил:

„На 24 март, тие снимиле заеднички воен објект на САД и Велика Британија на Диего Гарсија, кој се наоѓа во архипелагот Чагос во Индискиот Океан“.

На 20 март, Иран ја таргетирал базата на 3.760 километри оддалеченост со две балистички ракети со среден дострел, но ниту една не ја достигнала целта.

Според извештаите, едната ракета не успеала во лет, додека другата била соборена од американски воен брод. Сепак, обидот за напад предизвика стравувања од проширениот дострел на иранските ракети и можноста за вовлекување на Велика Британија во војната.

Диего Гарсија стана жариште во трансатлантските односи откако Кир Стармер првично одби дозвола од САД да започнат бомбардирања врз Иран од базата.

Премиерот подоцна му дозволи на Вашингтон да го користи објектот за ограничени напади врз иранските локации за беспилотни летала и ракети што ги загрозуваат британските интереси, а по обидот на Техеран да го нападне Диего Гарсија и други лансирни рампи насочени кон бродови во Ормутскиот теснец.

Володимир Зеленски, исто така, рече дека руските сателити направиле фотографии од цивилна и воена инфраструктура низ Заливот за да ги споделат со Техеран.

„На 25 март, тие направија фотографии од воздухопловната база Принц Султан во Саудиска Арабија. Нафтеното и гасно поле Шајба во Саудиска Арабија, воздухопловната база Инџирлик во Турција и воздухопловната база Ал Удеид во Катар беа направени на 26 март“, рече тој.

Напад врз Принц Султан

На 27 март, Иран ја нападна базата Принц Султан со ракети и беспилотни летала, повредувајќи 12 американски војници, уништувајќи радарски авион Е-3 Сентри вреден 420 милиони евра и оштетувајќи авиони за полнење гориво. Аналитичарите велат дека успехот на нападот веројатно се должи на руските разузнавачки служби.

Базата Ал Удеид, во која се сместени неколку странски сили, вклучувајќи персонал на американските воздухопловни сили и RAF, исто така беше погодена од војната.

Зеленски рече дека е „100 проценти“ убеден дека руските разузнавачки служби им помогнале на иранските сили да ги таргетираат американските војници во регионот.

„Знаеме дека ако пукаат еднаш, се подготвуваат. Ако пукаат втор пат, тоа е како симулација. Третиот пат тоа значи дека ќе нападнат за еден или два дена“, изјави тој за NBC News.

Москва ги отфрли обвинувањата дека споделила информации со Техеран, но призна дека му обезбедила на режимот „одредени видови воена опрема“.

Европските разузнавачки агенции веруваат дека Русија се подготвува да му испорача на Иран и дронови за напад по години тестирање и подобрување на борбата против Украина, пишува „Телеграф“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Следно

Kaltrina Zekolli: Lidhja e autostradës me Shqipërinë do të realizohet me patjetër

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop