Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

March 29, 2026
1 min read

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото – кај самиот граѓанин. Суштината на овие измени е да му се овозможи на секој поединец, уште за време на својот живот, кај избраниот матичен лекар доброволно и јасно да ја изрази својата волја дали по смртта сака да биде дарител на органи.

Оваа одлука ќе биде официјално евидентирана во здравствениот систем преку платформата „Мој термин“, со што личната волја станува примарна, а целиот систем потранспарентен и поефикасен, без непотребни административни пречки и со јасна етичка рамка. Алиу нагласува дека овие измени не се подготвуваат за да принудуваат никого, туку за да ја зголемат довербата и да го направат процесот подостапен за оние на кои им е потребна втора животна шанса.

Паралелно со правните интервенции, владината Програма за трансплантација за 2026 година поставува амбициозни цели кои вклучуваат зголемување на бројот на трансплантации на бубрези, срце, црн дроб и коскени ткива, но и воведување нови процедури како што е трансплантацијата на бели дробови. За реализација на овие планови веќе се подготвуваат национални листи, регистри и софтверски надградби, а министерот уверува дека македонскиот здравствен систем поседува цврста медицинска и кадровска основа за вакви сложени зафати. Како потврда за тоа се наведуваат и неодамнешните 16 успешни трансплантации на рожница, каде се применети најсовремени микронски техники.

Сепак, министерот Алиу потенцира дека најважното прашање не е само медицинско, туку и општествено, при што клучна е информираноста на граѓаните и надминувањето на културните или религиските резерви. Тој укажува дека во земја со длабоки духовни вредности како Македонија, за органодарителството мора да се зборува со почит кон тагата и верата, но и со свест дека традиционалните верски заедници веќе ја поддржуваат хуманоста на овој чин. Според него, обврска на државата е да создаде услови во кои трансплантацијата нема да биде тема што се отвора само во мигови на трагедија, туку ќе стане дел од општествената зрелост и разбирањето дека и по крајот на еден живот може да започне нова надеж за друг човек, пренесува Утрински Весник.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оваа Франција покажува сила: Дуе и Турам ја “средија“ и Колумбија!

Следно

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Latest from Blog

Случајот со спорното млеко се шири: Land и My Cow биле дел од понудата и во Македонија

Случајот со млечните производи што деновиве е во фокусот на јавноста во Косово има допирна точка и со македонскиот пазар. Два од брендовите што се појавуваат во официјалните наоди на косовските институции,

“Со Еспи појадуваме заедно секој ден, тој го живее својот сон!“ (ВИДЕО)

фото:x.com/realmadriden На отворањето на новата сезона, Реал Мадрид успеа да слави на гостински терен кај Еспањол со гол во судиското продолжение. Со многу нетрпение, навивачите на најважниот спореден настан во Шпанија, па

СВИРЕЖИ И ПОТСМЕВ ЗА ФРИДРИХ МЕРЦ (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочи со неодобрувачки извици и потсмев за време на посетата на област погодена од пожари во Хигеланд, во неговото прво јавно појавување по првиот ден назад на

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: „Пандорината кутија е отворена. Очекувајте жесток одговор“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отворила Пандорината кутија“ со напади врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, објави Ројтерс во саботата. Украина
Go toTop