Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

March 27, 2026
2 mins read

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите и е запознаен со нивната работа. Својот глас, како што додаде, ќе го даде за тројцата кандидати што не доаѓаат од ова Обвинителство оти смета дека треба да им се даде шанса.

Советот на јавните обвинители на денешната 40. седница донесе одлука за избор на четворица јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), како Александар Маркоски, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитриовска, кои доаѓаат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, и Енѓелуше Кадриу-Леши, кандидат од немнозинските заедници, на која ова ќе ѝ биде трет мандат во ОЈО ГОКК.

Претседателот на Советот, Башким Селими, на почетокот од разгледувањето на оваа точка на седницата рече дека на огласот за пет јавни обвинители во ОЈО ГОКК пријави поднеле осум кандидати, а Трајче Пеливанов и Артан Ајро ги повлекле кандидатурите и нема да се разгледуваат.

Советот, по разгледување на кандидатурите, на јавно гласање не ги изгласа Марија Ѓоргева, Валентина Бислимовска, Сузана Мирческа-Кузмановска и Ивана Трајчева.

Марија Ѓоргева не доби ниту еден глас, а Валентина Бислимовска доби само еден. Двете се припаднички на заедниците.

Ивана Трајчева, која го води предметот против полицајците обвинети за трагедијата во Кочани, не ја доби поддршката од Советот на јавни обвинители.

Членката на Советот, Светлана Стојковиќ, во излагањето се осврна на измените на мандатот на јавните обвинители во ОЈО ГОКК од четири на седум години во новото предлог-законско решенија, посочувајќи дека петмина од пријавените кандидати веќе имаат по два мандати во ОЈО ГОКК, што значи дека веќе осум или повеќе години работат во ова Обвинителство.

Мандатот од седум години, како што рече, не е прекраток за да се даде свој придонес во ОЈО ГОКК, но доволен со цел да не се дозволи акумулација на моќ.

„Сите кандидати се докажани јавни обвинители со докажана стручност. Но, би го дала својот глас за трите обвинители од ОЈО Скопје, кои не работеле во ОЈО ГОКК, а со својата биографија и досегашната работа ја заслужуваат шансата“, рече таа.

Членката на Советот, Кети Петкова, рече дека го дели ставот со колешката Стојковиќ и додаде дека ќе го даде својот глас за тројцата обвинители што немаат работено во ОЈО ГОКК, но и за Енѓелуше Кадриу Леши, со цел, како што рече, да се запази правичната застапеност.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите и е запознаен со нивната работа. Својот глас, како што додаде, ќе го даде за тројцата кандидати што не доаѓаат од ова Обвинителство, оти смета дека треба да им се даде шанса.

„За сите кандидати од ОЈО ГОКК имам високо мислење и сите се квалитетни во своето работење. Мојот главен критериум е тоа дека на секој од јавните обвинители надвор од подрачјето на Скопје треба да им се даде можност да се пронајдат во едно обвинителство. Искрено, мене ме разочарува тоа што за пет места има само осум кандидати. Сакам на сите обвинители да им се даде шанса и да веруваат дека ќе им се даде можност да напредуваат во кариерата“, рече Савески.

Откако Советот избра четири обвинители за пет места во ОЈО ГОКК, сепак не избра шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по повлекувањето од функцијата на претходниот Мустафа Хајрулахи.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

Следно

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop