Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

March 27, 2026
1 min read

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност и постојаниот прилив на вести директно влијаат врз нашата психолошка благосостојба.

Пишува: Беким Сејфулаху, псиколог

Според психологот, Беким Сејфјлаху, емоционалните реакции на глобалните кризи се сосема нормални. Стравот, загриженоста и чувството на несигурност се природен дел од човечкото искуство. Сепак, начинот на кој ги менаџираме овие емоции е клучен за нашето ментално и физичко здравје.

Како да ја зачуваме смиреноста во време на криза?

Во вакви околности, важно е да преземеме свесни чекори за да ја заштитиме нашата емоционална стабилност:

Ограничете ја изложеноста на негативни вести.

Информирањето е важно, но преголемата изложеност на постојани и често алармантни информации може значително да го зголеми стресот и анксиозноста.

Фокусирајте се на она што можете да го контролирате.

Глобалните настани се надвор од нашето директно влијание, но нашата дневна рутина, грижата за себе и нашите односи се нешта со кои можеме да управуваме.

Бидете активни и поврзани со другите.

Физичките активности како прошетки или спорт, како и комуникацијата со семејството и пријателите, помагаат во стабилизирање на емоциите и намалување на стресот.

Поврзаноста меѓу психолошкото и биолошкото здравје

Постојаниот стрес не влијае само на умот, туку и на телото. Може да предизвика хроничен замор, нарушувања на спиењето, висок крвен притисок и ослабување на имунолошкиот систем. Затоа, грижата за менталното здравје е воедно и грижа за физичкото здравје.

Порака до граѓаните

Во време на неизвесност, смиреноста и свесноста се нашата најголема сила. Важно е да не дозволиме глобалните случувања да нè преоптоварат емоционално. Со одржување на балансот, фокусирање на сегашноста и барање професионална помош кога е потребно, можеме да го заштитиме нашето ментално здравје и квалитетот на животот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Vidhet xhamia e 3-të brenda dy javësh në Pollog

Следно

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Latest from Blog

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop