Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

March 26, 2026
1 min read

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници не претставува директни преговори со САД.

Во изјава за државната телевизија, Арагчи појасни дека Техеран нема намера да води директен дијалог со Вашингтон. Тој дополнително се осврна на прашањето за стратешката Ормуска Теснина, нагласувајќи дека таа „ќе остане затворена, но само за непријателите“.

„Нема причина Иран да дозволи премин на пловила на непријателот и неговите сојузници“, изјави Арагчи. Тој подвлече дека иранската војска веќе обезбедила безбеден премин за бродовите на пријателските држави, со што ја потврди контролата на Техеран врз оваа клучна поморска рута за светската енергија. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Следно

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Latest from Blog

Брзањето со Кривичниот законик не може да биде со формална расправа – реакција од граѓанскиот сектор

  Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството укажуваат дека донесувањето на целосно нов Кривичен законик претставува една од најзначајните и најкомплексните законодавни интервенции

Милионски зделки во сенка на скандалот со Nvidia: Како компаниите на Алис Хуанг ги финансираа центрите за вештачка интелигенција во Кина

Компаниите поврзани со Алис Хуанг, жената чија афера со Јенсен Хуанг доведе до негово кратко заминување од раководството на Nvidia, обезбедија финансирање за големи центри за податоци за вештачка интелигенција во Кина,
Go toTop