Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

March 25, 2026
1 min read

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку правните субјекти „Класик ДМ“ и „ММММ“.

Рашков појасни дека Општината нема надлежност за издавање лиценци за ноќни клубови или кабареа – тоа го прави Министерството за економија. Уплатите се делат по 50 отсто меѓу централниот и локалниот буџет, а во конкретниот случај вкупниот износ бил 246.000 денари, од кои половина легнале на сметката на Општина Кочани.

Сведокот истакна дека во даночниот регистар дискотеката „Пулс“ не постоела како правен субјект и дека не знае дали износот бил за лиценца за дискотека или кабаре. Тој додаде дека дознал за „Класик ДМ“ и „ММММ“ дури по трагичниот настан, и дека „ММММ“ е правен следбеник на „Класик ДМ“.

 

Во врска со инспекциски надзори, Рашков посочи дека инспекторите дејствуваат самостојно и независно и одговараат само пред градоначалникот, додавајќи дека не е запознаен дали во тој период бил извршен надзор врз објектот „Пулс“.

Тој потврди дека Општината само ја утврдува висината на надоместокот и дека правните лица вршеле уплати по тој основ, а сопственикот на дискотеката не е должен да извести за организација на настан.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mucunski: Po hedhim themelet për bashkëpunim më të thellë ekonomik dhe tregtar me Poloninë

Следно

Потврдено: Сенегал поднесе жалба до ЦАС во Лозана!

Latest from Blog

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop