Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

March 25, 2026
2 mins read

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззема од точката на дневен ред.

Судиите членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, истакнаа дека таа ги исполнува сите услови за уставен судија, дека станува збор за професионалец кој има познавање на судовите, од прв степен до највисоките судови, има личен и професионален интегритет, долгогодишно искуство, а дала и придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем.

Единствена што гласаше против предлогот Дика-Георгиевска да биде предложена за уставен судија беше Сузана Јошевска-Анастасовска, која истакна дека е неоспорно оти Мери Дика поседува значајно долгогодишно искуство во редовното судство, вклучително и на раководни позиции, и како претседател на суд и учество во орган што имал клучна улога во Судскиот совет, но дека доставените материјали не овозможуваат доволно јасна и недвосмислена и конкретна потврда за придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем.

– Законскиот критериум од членот 103 од Законот за Судскиот совет бара кандидатот за уставен судија да има придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем. Доставените материјали не овозможуваат доволно јасна и недвосмислена и конкретна потврда дека ваков придонес постои иако некои беа прочитани. Иако формално постојат материјали што кандидатката ги приложила како придонес, ако суштински се анализира, некои од приложените документи се однесуваат на активности што во својата природа претставуваат составен дел на редовното вршење на судската и на раководната позиција – рече Јошевска.

Уставниот судија, меѓу другото, според неа, не само што треба да има продлабочено познавање на уставното право туку и и за односот помеѓу домашното и меѓународното право, особено праксата на ЕСЧП.

Судијката Елизабета Дуковска, која повторно се кандидира за уставен судија, не ја доби поддршката од членовите на Судскиот совет поради недоволен број години работно искуство, а една од забелешките се однесуваше и за придонесот за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем во последните години.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието за време од девет години, без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

Функцијата судија на Уставниот суд е неспоива со вршењето друга јавна функција, професија или членување во политичка партија. Судиите уживаат имунитет како и пратениците во Собранието. За имунитетот на судиите одлучува судот во постапка предвидена со актот на судот. Суди­ите не подлежат на обврска во вооружените сили.

Според Уставот, двајца судии на Уставниот суд предлага претседателот на Републиката. Судскиот совет на Републиката предлага двајца судии на Уставниот суд од редот на судиите. ВО согласноСТ со уставната определба со Амандманот XV од Уставот, Собранието избира тројца судии со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници што припаѓаат на заед­ниците што не се мнозинство во државата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: ФК Пелистер се крева и се враќа на старите патеки

Следно

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop